Јапонска техника за отстранување на отровите од телото

Јапонска техника за отстранување на отровите од телото

Во нашето тело постојат бактерии и токсини кои одвреме-навреме би требало да ги отстрануваме. Во спротивно, можат да предизвикаат разни проблеми и болести. Денес постојат безброј методи за детоксикација, но еден од најефикасните е оваа јапонска техника за стапала.

Јапонска техника за отстранување на отровите од телото

Поголемиот дел од нервите се наоѓаат во нашите нозе. Токму поради ова детоксикацијата на телото е многу поефикасна доколку се изведе со помош на нозете.

Наполнете поголем сад со врела вода и додајте половина чаша сол, половина чаша сода бикарбона, половина чаша морска сол, половина чаша јаболков оцет и есенцијално масло по ваш избор. Добро измешајте додека не се растворат сите состојки, а потоа ставете ги стапалата во садот. Држете ги стапалата во водата 30 минути. Доколку почувствувате слабост, немојте да се грижите бидејќи тоа е дел од детоксикацијата.

Исто така, се препорачува да го зголемите и внесувањето на магнезиум во секојдневната исхрана. За да го зголемите нивото на магнезиум, можете да направите и купка со половина чаша сол и есенцијално масло по избор. Измешајте ја водата додека не се растопат состојките, па додајте бетонит глина разредена со вода. Држете ги стапалата во водата 25 минути дневно, со цел да го зголемите нивото на магнезиум во телото, но и да ја подобрите апсорпцијата на другите хранливи материи.

Наполнете ја кадата со врела вода и додајте чаша хидроген пероксид и една лажица ѓумбир во прав. Потопете ги стапалата 30 минути и на овој начин ќе ги обновите клетките и ткивата, но и ќе го исчистите организмот од сите токсини и бактерии.

Без разлика кој од методите ќе го одберете, за да забележите резултати морате да ја повторувате процедурата цел месец, без прекин.

За брзо чистење на организмот, пробајте ја детоксикацијата за која ви е потребен само еден викенд.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар