Јадете италијанска храна како вистински Италијанец

Јадете италијанска храна како вистински Италијанец

Некој ќе каже дека во Италија се слабее, бидејќи Италијанците секогаш јадат свежо подготвена храна. Но, после неколку недели во Италија ќе бидете среќни што со вас сте ги понеле растегливите хеланки за вежбање. Веројатно поради тоа Италијанците се толку среќни – секогаш имаат можност да јадат свежа и вкусна италијанска храна.

(5)-jadete-italijanska-hrana-kako-vistinski-italijanec-kafepauza.mk

Во продолжение прочитајте неколку совети кои ќе ви посочат како вистински да уживате во италијанската храна, како што тоа го прават Италијанците.

Италијанска храна – тоа е љубов!

1. Кафе

(1)-jadete-italijanska-hrana-kako-vistinski-italijanec-kafepauza.mk

Капучиното и макијатото се всушност американски навики за пиење кафе. Вработен во кафе бар во Милано вели дека Италијанците пијат по неколку топли еспреса, и тоа наутро, после ручек и после вечера. После јадење сите се чувствуваме поспано, па затоа се пие еспресо за расонување.

Во ред е: Да се напиете вода пред да се напиете кафе. Така ќе го почувствувате вистинскиот вкус на кафето.

Не е во ред: Да додавате млеко и шеќер (кафето се пие црно и горко).

2. Аперитиви

2-jadete-italijanska-hrana-kako-vistinski-italijanec-kafepauza.mk

Италијанците секогаш пијат кога јадат, па затоа треба внимателно да се избере соодветното вино. Ако не знаете од каде да почнете, пробајте просеко (бело вино) со сирење пекорино, мерлот со салама или каберне со пршута.

Во ред е: Да го промешате и да го помирисате црвеното вино пред да се напиете.

Наздравете или кренете ја чашата ако личноста со која наздравувате седи далеку од вас. И не заборавајте да ги макнете бисквитите во слаткото винсанто.

За закуските користете чепкалка. Во петок може и да ја прескокнете вечерата и да се заситите од предјадењата.

Не е во ред: Да пиете на празен стомак, тоа никогаш не завршува добро. Исто така, не служете пенливо вино во тенки високи чаши.

3. Пица

Fresh italian pizza

Очекувајте тенко тесто и едноставни состојки (без претерувања и полнето тесто). Во Италија прифатливо е да јадете пица со или без прибор за јадење.

Во ред е: Да ги ставите лактите на масата и да гестикулирате со нив додека јадете.

Не е во ред: Да оставите нешто од пицата. Изедете ја цела!

4. Тестенини

4-jadete-italijanska-hrana-kako-vistinski-italijanec-kafepauza.mk

Повторно, колку помалку состојки, толку подобро. Во Италија, чинија со свежо приготвени тестенини се служи како прв дел од оброкот, пред протеинскиот дел. Може да побарате лажица, но обидете се долгите тестенини како шпагетите да ги навиткате на виљушката, почнувајќи од врвот, а потоа со вртење да направите совршен залак.

Во ред е: Да јадете тестенини и сосови во зависност од регионот во кој се наоѓате. Во Рим тоа е „cacio e pepe“ што во превод значи сирење и пиперка. Во Сиена пробајте „pici“, тестенини кои личат на дебели шпагети. Изненадувачки, во Болоња не постои автентичен болоњезе сос. Кој би рекол?!

Не е во ред: Да додавате премногу состојки или дополнително сос или сол.

5. Џелато

5-jadete-italijanska-hrana-kako-vistinski-italijanec-kafepauza.mk

Италијанците редовно имаат десерт и за време на вечерната прошетка после вечерата јадат сладолед или поточно кажано џелато. Џелатото наводно содржи помалку масти од сладоледот.

Во ред е: Да бирате според бојата – вкусот треба да одговара на бојата. На пример, ако е од ф’стаци тогаш џелатото треба да е бледо зелено, ако е од банана не треба да е баш жолто.

Дополнително барајте знаци на кои пишува „produzione propria or artigianale“ (направено тука) и места каде што џелатото се чува во метални кутии.

Не е во ред: Да се залетувате на места каде што има огромни количества џелато. Тоа значи дека џелатото е од индустриско производство. Најважно, не бројте ги калориите и не чувствувајте вина.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Инженер под влијание на силни филмски маси. Далеку од реалноста, блиску до паметот. Иако крајот на филмот Живот го знаеме сите, сепак убаво е да уживаме додека трае.

Поврзани содржини

Остави коментар