Јадете ги овие прехранбени продукти и вашите брчки ќе исчезнат!
Функцијата и изгледот на вашата кожа, во голема мера зависат од исхраната којашто ја внесувате. Модерната наука за исхраната, во последниве неколку години, опфаќа и посебна дисциплина, која се фокусира на односот помеѓу одредените прехранбени методи, продукти и хранливи состојки и здравјето на кожата.
Една од највозбудливите области од нутритивната дерматологија, е примената на храна и хранливи материи во превенцијата од фотостареење, којашто е во склоп на програмата против стареење. Некои направени истражувања, укажале дека одредени групи на храна, како што се рибата, зеленчукот и раститетлните масла (особено екстра-девственото маслиново масло) делуваат превентивно против појавата на брчки, а зголемениот внес на месо, млечни продукти и шеќери, создаваат настанување на брчки.
Нутриционистите објаснуваат дека бројните истражувања коишто се направени на темата, укажале на антиоксидантните својства на различните растителни пигменти, коишто се применуваат во медицината против стареење.
Станува збор за црвените пигменти антоцијани коишто ги има во зрнестото овошје, зелениот пигмент хлорофил во зелениот зеленчук, жолтиот пигмент куркумин во куркумата, збирот од портокалови и црвени пигменти каротеноиди, коишто ги има во разновидното овошје, зеленчук и алги, како и фикоцијанинот во алгата спирулина.
Николас Перисон, е американски дерматолог и е еден од првите автори, којшто ја популаризирал оваа област, пред околу 15 години. Тој објавил три книги, во кои ја обработува проблематиката за убавина, здравје и млада кожа, по пат на програма на исхрана и посебна нега. Својот живот го посветил на дерамтологијата, со посебен фокус на поврзаноста помеѓу исхраната и здравата кожа, како и примената на хранливи состојки во терапијата и превенцијата од вообичаените проблеми со кожата.
Доцентот, доктор и специјалист Дарија Вранешич Бендер, ги истакнала најважните правила за убава и здрава кожа, според дерматологот и нитруционист, Николас Перисон:
- Јадете големи количини мрсна риба, особено лосос, како и други продукти коишто содржат протеини, како што се јајцата и пилешкото месо. Протеините се неопходни за обновување на кожата и забавување на стареењето на ќелиите на кожата. Воедно, Омега-3 масните киселини ја одржуваат потребната влажност на кожата и ги спречуваат воспалителните процеси.
- Консумирајте почесто свежо, темно, зрнесто овошје, особено боровинки. Тие содржат антиоксиданси, кои помагаат во детоксикацијата и спречуваат предвремено стареење.
- Јадете дињи, јаболка и круши. Овие овошја имаат низок гликемичен индекс. Од друга страна, лубеницата, бананите и мангото, имаат висок гликемичен индекс, па поради тоа треба да се консумираат умерено.
- Дајте им предност на јаткастите плодови, особено на лешниците и бадемите, бидејќи тие се богати со витамин Е и линолна киселина. Др. Перисон смета дека молекулите коишто ги содржат овие плодови, помагаат во борбата против стареењето.
- За појадок, консумирајте свежо приготвена овошна каша или овесни снегулки, кои ќе ви помогнат во одржувањето на нормално ниво на шеќер во крвта.
- Пијте 8-10 чаши, чиста изворска вода секој ден. Дури и малата дехидратација, може да предизвика вашата кожа да изгледа старо. Исто така, избегнувајте кафе и чај.
Може да ве интересираат и овие 7 начини како да се ослободите од брчките.