3 јадења кои се поздрави кога се комбинираат со алкохол

Јадења кои се поздрави кога се комбинираат со алкохол

Сите ја знаеме старата поговорка: „Пивото е доказ дека Бог нѐ сака и сака да бидеме среќни“. Тука можеме да го вклучиме и виното. Не само што овие два типа алкохол се вкусни, туку и можат да ги направат поздрави некои од вашите омилени јадења, како и да ги намалат нивните негативни ефекти. Следуваат три изненадувачки комбинации на храна и алкохол за кои вреди да се наздрави:

1. Лосос, туна и слични риби

(1) 3-jadenja-koi-se pozdravi-koga-se-kombiniraat-so-alkohol-kafepauza

Би сакале ли чаша вино со вашата риба? Одговорот секогаш треба да биде „да“. Според последните истражувања, љубителите на вино обично имаат повисоки нивоа на омега-3 во крвта. Црвеното вино ги впива корисните и здрави полифеноли од рибата, за кои се смета дека играат важна улога во добивањето мускулна маса, до 10 пати повеќе отколку другите пијалаци.

2. Месо и сирење

(2) 3-jadenja-koi-se pozdravi-koga-se-kombiniraat-so-alkohol-kafepauza

Ако сакате почесто да јадете мрсна храна, тогаш би можеле да уживате и во пивото. Зошто? Експертите за правилна исхрана велат дека умереното консумирање пиво и вино може да помогне при зголемувањето на вашиот добар (HDL) холестерол и да го намали ризикот од развивање срцеви болести.

3. Бадеми, ореви и слични јаткасти плодови

(3) 3-jadenja-koi-se pozdravi-koga-se-kombiniraat-so-alkohol-kafepauza

Постои вкусен начин да ги направите веќе вкусните лешници подобри и поздрави за вашиот организам. Тоа е пивото. Јатките, како што се бадемите, оревите, лешниците, кикиритките и слично, се полни со магнезиум кој ги одржува масните ткива во телото здрави и може да помогне вашата мускулатура веднаш да се опушти – особено после потешка физичка активност. На вашето тело му е потребен витаминот Б за да го апсорбира магнезиумот, а пивото, верувале или не, е преполно со него.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар