Извонредни фризури наменети за девојките кои постојано доцнат

Извонредни фризури наменети за девојките кои постојано доцнат

И повторно ви се случи тоа – доцните, дури и покрај тоа што започнавте да се спремате на време… Но, доколку сте успеале да средите сè останато освен фризурата, а ви останале уште неколку минути, немојте да очајувате и да излезете со обична, едноставна фризура. Зошто? Затоа што во продолжение со вас споделуваме едноставни, а одлични 6 фризури кои можете да ги направите за неколку минути и да изгледате совршено.

1-izvonredni-frizuri-nameneti-za-devojkite-koi-postojano-docnat-www.kafepauza.mk_

1. Необична пунџа

Наведнете ја главата надоле и исчешлајте ја косата. Потоа, започнете да плетете плетенка одоздола нагоре. Кога ќе стигнете до темето, спојте ја со остатокот од косата во опавче, а потоа од него направете едноставна пунџа.

2-izvonredni-frizuri-nameneti-za-devojkite-koi-postojano-docnat-www.kafepauza.mk_

2. Тренди плетенка

Префрлете ја целата коса на страна, а потоа исплетете плетенка. Земете еден прамен од под косата, префрлете го околу плетенката и со него опфатете го остатокот од неа за да направите опавче. Прицврстете го со шнола.

3-izvonredni-frizuri-nameneti-za-devojkite-koi-postojano-docnat-www.kafepauza.mk_

3. Поразлично опавче

Косата поделете ја на три дела, еден под друг и од секој од нив направете опавче. Потоа разделете ја косата над ластикот и низ „отворот“ провлечете го опавчето. Повторете ја постапката со сите три опавчиња, така што секое претходно ќе го провлечете низ следното, исто како на фотографијата. Извлечете и некој прамен од страните за да добиете поопуштен изглед и уживајте во брзата, а фантастична фризура.

4-izvonredni-frizuri-nameneti-za-devojkite-koi-postojano-docnat-www.kafepauza.mk_
Продолжете на следната страна за останатите 3 едноставни фризури…


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар