Извинувања кои ги заслужувате, но кои никогаш не сте ги добиле

Извинувања кои ги заслужувате, но кои никогаш не сте ги добиле

Обидете се да се вратите малку во минатото и да се потсетите на сите личности со кои некогаш сте се сретнале. Сите пријателства, партнери, роднини, странци… Што помните од времето поминато со овие луѓе? Можеби помните дека тој добронамерен странец ви помогнал, дека вашиот драг пријател ви дал одличен совет, дека бившиот партнер направил да се почувствувате сакано или дека членовите на вашето семејство биле секогаш тука за вас. Би било прекрасно доколку сеќавањата завршуваат тука? Но, тоа не се случува во реалноста.

Извинувања кои ги заслужувате, но кои никогаш не сте ги добиле

Вистината е дека помеѓу сите овие добри дела и љубов ние исто така сме биле и повредени. И не само еднаш, туку илјадници пати, започнувајќи од нашите најмили и најблиски, па сè до странците со кои се разминуваме на улиците. Би било убаво да кажеме дека сме добиле извинувања за сите овие ситуации, но тоа ретко кога се случува. За среќа, не сè е толку негативно кај овие извинувања кои не сме ги добиле, но кои толку многу сме ги заслужувале, бидејќи тие ни помогнале да станеме личноста која сме денес. Всушност, токму оние извинувања кои никогаш не сме ги слушнале нè учат најмногу за животот и природата на луѓето.

Настрана од овие „придобивки“ прочитајте конечно дел од оние извинувања кои навистина ги заслужувате, но кои никогаш не успеале да стигнат до вас…

„Извини што не се трудев да останеме во контакт.“

„Извини што никогаш не ти вратив на пораката.“

„Извини што никогаш не ти покажав колку многу те сакав.“

„Извини што не верував во тебе.“

„Извини што престанав да те сакам и со тоа го скршив твоето срце.“

„Извини што не те почитував.“

„Извини што те зедов здраво за готово.“

„Извини што дозволив да се оддалечиме.“

„Извини што заборавив на тебе.“

„Извини што избегав и што го скршив твоето срце.“

„Извини што те малтретирав.“

„Извини што лажев.“

„Извини што ти дадов ветување што никогаш не планирав да го одржам.“

„Извини што те повредив.“

„Извини што никогаш нема да можам да ти простам.“

„Извини што никогаш не ти кажав како се чувствувам.“

„Извини што никогаш не ти кажав извини.“

Кое извинување би го додале вие на оваа листа? Споделете со нас во коментарите.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар