Извадете ја вашата маска за да најдете вистинска љубов
Секој сака да најде вистинска, длабока, страсна љубов која ќе трае вечно. Зошто се чини тоа невозможно во денешно време? Колку и да ви изгледа како научна-фантастика, сосема е возможно да привлечете таков вид љубов. Но, клучот лежи во тоа што морате да бидете автентични. Автентичноста се дефинира како оригиналност или вистинитост. Со оглед на тоа, автентична личност би била онаа која е уникатна и се издвојува од останатите. Такви се впрочем сите луѓе на светот, само треба тоа да го покажете.
За жал, многу често му дозволуваме на срамот да ја надвладее нашата потреба за изразување на нашите оригинални разлики. Се стремиме кон тоа да бидеме исти како сите други за да се вклопиме, да бидеме прифатени и да оствариме поврзаност сo луѓето. Ние се прилагодуваме, менуваме и ја намалуваме нашата автентичност со тоа што ставаме маски за го скриеме нашето вистинско „јас“.
И што се случува? Успевате да се поврзете. Но, тоа не е онаа силна и значајна врска по која копнеат вашето срце и душа, затоа што не е создадена на вистински автентичен начин. Маската што ја креирате со цел да бидете прифатени само создава бариери и ве спречува да го добиете она што вистински го сакате.
Дали сте забележале дека кога почнувате да се гледате со некого одеднаш се однесувате поразлично? Ви се допаѓаат нови работи и ве интересираат нови активности? Нормално дека новите искуства и проширувањето на погледите се прекрасни нешта и ако запознаете некој што ќе ја зголеми и надополни вашата автентичност, само напред! Но, честопати се обидуваме да се промениме себеси или да скриеме некои работи за да бидеме прифатени и да се вклопиме во нечиј живот. Нашата силна желба за создавање љубовна врска нѐ метаморфозира и нѐ претвора во нешто друго.
Можеби се плашите дека ако немате исти интереси со партнерот или ако се покажете во вистинско светло ќе бидете отфрлени. Тоа е разбирливо, бидејќи нема ништо поболно од тоа да ја покажете вашата ранливост и потоа да бидете одбиени. Но, што ако целосно се вклопите во нечиј живот и развиете долга врска, можеби дури и се венчате, имате деца и по неколку години одеднаш се чувствувате исцрпено, монотоно и заробено? Како ќе се чувствувате доколку живеете во кафез што сте си го направиле самите за себе само за да бидете нешто што не сте? Морате да ја земете предвид и болката што се јавува како последица од распадот на таквата врска, недостатокот на блискост и несреќниот живот.
Тешко е да се префрлите од вашата навика да се вклопувате во сечиј свет до прифаќањето на вашата автентичност, но некои луѓе веруваат дека овој проблем се јавува како резултат на неурамнотeженост на вашата чакра во папочната област (соларна плексус чакра). Сигурно сте збунети и се прашувате за што станува збор.
Ние сме енергетски суштества. Во најстарите верски написи на Ведите, постои верувањето дека луѓето имаат седум енергетски центри, односно чакри, кои се вертикално поставени почнувајќи од основата на ’рбетот па сѐ до темето на главата.
Ако повеќе сакате да го разберете ова од научна гледна точка, според квантната физика сите ние сме направени од енергија и сите сме поврзани преку таа енергија. Многу често, како последица од животните искуства, ние се затвораме за да се заштитиме. Кога го правиме тоа, ние ги заклучуваме нашите енергетски центри, односно чакрите. Поради тие пречки ние не можеме да ја привлечеме и задржиме љубовта што ја посакуваме.
Кога се чувствувате немоќни, имате проблем со ниска самодоверба или се плашите дека ќе изгледате смешно ако ја покажете вашата автентичност, тоа значи дека вашиот трет енергетски центар, односно соларната плексус чакра, е заклучен.
Доколку според вас ова звучи логично и има смисла, земете ги предвид следниве 4 совети за да станете поавтентични и да заблескате со вашата појава…
1. Поминувајте повеќе време на сонце
Вашата соларна плексус чакра е жолта исто како сонцето. Сончевата светлина може да ја балансира оваа чакра. Ставете млеко за сончање, излезете надвор и апсорбирајте сончева светлина 15 минути, секогаш кога можете.
2. Ослободете се од чувството на срам
Запрашајте се од што се срамите најмногу. Напишете го тоа на парче хартија и потоа изгорете го на сигурно место. Тоа ќе ви помогне да се ослободите од чувството на срам и ќе ја трансформирате енергијата од срам во љубов.
3. Запаметете ги и повторувајте ги следниве позитивни афирмации
- Јас сум моќен/на.
- Јас верувам во сопственото водство.
- Јас сум автентичен/на.
- Јас сум моќниот креатор на мојот живот.
- Јас ја користам мојата моќ за да направам позитивна разлика во светот.
4. Грижете се за вашиот стомак
Проблемите со дигестивниот систем, црниот дроб и надбубрежните жлезди се знаци дека балансот во вашиот соларен плексус е нарушен. Неурамнотеженоста во вашето емотивно и духовно кралство создава неурамнотеженост во вашето тело. Добра идеја е да потрошите малку време за да се погрижите за вашето физичко здравје. Јадете повеќе зеленчук и помалку глутен и млечни производи.
Со тоа што ќе ја ослободите вашата соларна плексус чакра, ќе можете да бидете автентични во сите животни области, особено во љубовта. Кога ќе се чувствувате сигурни и самоуверени да се покажете во вистинско светло, ќе ја привлечете вистинската личност за вас и ќе ја доживеете големата љубов која отсекогаш сте ја посакувале.