Изненадувачки нов тренд: Како да го комбинирате корсетот во вашите пролетни модни комбинации?

Изненадувачки нов тренд: Како да го комбинирате корсетот во вашите пролетни модни комбинации?

Со пребарувањето низ трендовите кои ќе ја одбележат оваа година и сезоните пред нас, може да забележите дека има многу нешта кои ги нуди модниот свет – многу трендови кои се вратија од претходно, овој пат малку изменети и прилагодени, некои нови, сосема изненадувачки, а еден од нив посебно нè изненади, бидејќи никој не го очекуваше. Она што прилично ненадејно дојде во светот на модата се корсетите за кои многумина мислеле дека можеби никогаш повеќе нема да се вратат назад како моден детаљ. Но, ако спаѓате во групата на оние кои се радуваат на неговото враќање, тогаш еве неколку предлози како да го комбинирате во своите пролетни модни комбинации.

1-iznenaduvachki-nov-trend-kako-da-go-kombinirate-korsetot-vo-vashite-proletni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

1. Корсетите се вратиле, а меѓу првите го понесоа славните девојки, како Кендал Џенер која покажала дека може одлично да изгледа со еден кариран комплет од здолниште и сако со асиметричен крој. Освен тоа што со корсетот го нагласил струкот, бидејќи тоа е неговата примарна употреба, бордо бојата во црно-белата модна комбинација одлично го „зачинила“ целиот изглед.

2-iznenaduvachki-nov-trend-kako-da-go-kombinirate-korsetot-vo-vashite-proletni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

2. И нејзината сестра, Ким Кардашијан веќе некое време го носи овој детаљ во рамките на своите модни комбинации. Со необичен, широк фустан, тексас јакна која исто така е широка, го комбинирала корсетот во беж боја кој е малку посексапилен и со поелегантен стил кој одлично ја надополнува целата комбинација.

3-iznenaduvachki-nov-trend-kako-da-go-kombinirate-korsetot-vo-vashite-proletni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

3. За некои полежерни комбинации, но и за некои маслинести парчиња облека, одличен ќе биде кожниот корсет со карнери, што и самите по себе се еден од водечките трендови за оваа сезона.

4-iznenaduvachki-nov-trend-kako-da-go-kombinirate-korsetot-vo-vashite-proletni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

4. Она што модните експерти го препорачуваат за овој преоден период, кога се уште времето е нестабилно, бидејќи и понатаму се носат капутите, мантилите и сакото, препорачуваат корсетот да го носите преку нив, што ги прави доста поатрактивни и помодерни.

5-iznenaduvachki-nov-trend-kako-da-go-kombinirate-korsetot-vo-vashite-proletni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

5. Не мора секогаш тоа да бидат впечатливи корсети, кои го опфаќаат целиот струк, туку и некои кои се потесни, како појаси. Овој вид корсет е одличен детаљ за некои дневни, а можеби и работни модни комбинации, односно сите комбинации кои сакате да ги направите малку поубави и позанимливи, но да нема ефект на пренатрупаност.

6-iznenaduvachki-nov-trend-kako-da-go-kombinirate-korsetot-vo-vashite-proletni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

6. Ако не знаете како сосема едноставната модна комбинација од фармерки и блуза да ја направите модерна и впечатлива, а патем да соберете неколку комплименти, тогаш потребен ви е поголем корсет, можеби кожен со висок сјај, од латекс, кој има и продолжувања во облик на карнери. Провокативниот, вака комбинираниот, корсет ќе изгледа доста стилско.

7-iznenaduvachki-nov-trend-kako-da-go-kombinirate-korsetot-vo-vashite-proletni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_

7. И Џиџи Хадид е една од современите ѕвезди која го понесе корсетот во посвечена модна комбинација, која на целиот модерен изглед му дава сосема доволна доза на интересен сексапил.

8-iznenaduvachki-nov-trend-kako-da-go-kombinirate-korsetot-vo-vashite-proletni-modni-kombinacii-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар