Изненадувачки, но и правењето ништо си има свои предности

Изненадувачки, но и правењето ништо си има свои предности

Дали понекогаш си дозволувате да не правите апсолутно ништо? Денешната култура го гледа времето како луксуз кој е свет и кој мора постојано да биде исполнет, само за да не го потрошиме залудно. Нашето мислење толку се изменило што дури го славиме мултитаскингот. Правењето ништо е трошење скапоцено време – вистинско злодело. Но, дали навистина е така? Зарем нема никаква придобивка од тоа да одвоите време за топла бања, или да гледате низ прозорецот не правејќи ништо?

pravenjeto-nishto-si-ima-svoi-prednosti-kafepauza.mk

Зошто сметаме дека продуктивноста и постојаната зафатеност се нешто најважно? Зошто се чувствуваме подобро кога трчаме на лентата за трчање која нè заморува, отколку кога јадеме сендвич во паркот? Денес зафатеност е најдоброто нешто.

Добрите вработени ручаат пред компјутерот работејќи, или мислат дека прават пауза гледајќи неважни нешта на Интернет. Ова не е пауза. Вистинската пауза би била да излезете од канцеларијата и да откриете каков е денешниот ден. Но никој од нас не си ја дозволува паузата која ќе ни ја даде потребната енергија попладне. Се разбира, овде се и нашите смартфони кои постојано се вклучени и кои ги прават продуктивноста и достапноста поважни од времето за себе и личниот простор.

Ние се лажеме дека сурфањето на Интернет е исто со одмор, но не е така. Ние си го одвлекуваме вниманието и премногу го стимулираме нашиот мозок со стотици информации кои не ни се од никаква корист. Всушност, ова сурфање е трошење време во вистинската смисла на зборот.

Од друга страна, правењето ништо не е трошење време. Иако е сосема спротивно на продуктивноста, сепак не е трошење време. Ако си дозволите само да го набљудувате денот без никакви мисли освен за она што е пред вас, вие сте продуктивни на друг начин. Ова правење ништо го одмора вашиот ум и ја храни вашата душа. Тоа ви создава нови можности и ви ја обновува вербата во животот и во вас.

Изговорот кој најчесто го користиме е тоа дека сме премногу зафатени. Навистина? Колку време поминувате гледајќи телевизија, сурфајќи на Интернет или на социјалните мрежи? Сите овие активности е многу подобро да ги замените со време кое ќе си го посветите себеси. Тоа ќе биде искуство кое навистина ќе ве исполни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар