Изненадувачки едноставна тајна која може да ви помогне да бидете среќни секој ден
Неверојатно е како ние луѓето сме во бескрајна потрага по среќата. Се обидуваме да ја најдеме преку различна храна, работа, пријатели, врски, локации, па дури и фамилии. Но, сепак забораваме дека самиот концепт за среќата вклучува нешто кое веќе се наоѓа во нас. Единствениот начин да се чувствувате вистински среќни е доколку вие самите се направите среќни. Никој друг не може да го направи тоа за вас.
Среќата која се добива од друга личност не е трајна. Доколку тој или таа си замине, ќе ја повлече и среќата со себе. Знаете зошто се случува тоа? Бидејќи вистински среќните врски се составени од две индивидуи кои најпрво биле среќни самите со себе, а потоа со нивното присуство дополнително влијаеле врз среќата која веќе постои. Тие позитивно влијаат еден на друг и љубовта која ја делат само го надополнува нивното чувство за среќа. За да може љубовта и вас да ве усреќува, најпрво треба да бидете среќни со себе.
Кога едниот партнер чека од другиот да го „направи целосен“, врската брзо губи баланс. И ниту една врска не може да опстане доколку само едната страна вложува труд. Процесот на подеднакво давање и примање е основно за одржување на љубовта и среќата во подем. Па, ако е толку важно да бидеме најпрво среќни самите со себе, што знаеме за индивидуалната среќа? Ѕирнете ги следниве факти кои можат да ве натераат на размислување:
- Истражувањата покажале дека сите ние сме природно најсреќни на 22, 55 и 70 години.
- Генерацијата со најмногу стрес досега е онаа чии припадници се родени од средината на осумдесеттите па сè до почетокот на новиот век.
- Ниту „среќните луѓе“ не се среќни секој ден (ова чувство природно расте и опаѓа).
Експертите без сомнение едногласно се согласуваат дека доколку ја прифатите одговорноста за вашата сопствена среќа, вие ќе ја пронајдете тајната за успех. Тоа значи и дека за време на лошите моменти (кои сите ние ги имаме), ќе се потпрете на флуидната природа на среќата и ќе верувате дека ви следуваат подобри денови. На овој начин ќе бидете многу посреќни и позадоволни од вашиот живот, како и од животот на луѓето околу вас.