Изненадете ги вашите најблиски со овие 3 брзи десерти во форма на елка!
Доколку сакате вашата празнична трпеза оваа година да биде уникатна и неодолива, треба само да одвоите мал дел од вашето слободно време. Заборавете на класичните десерти и подгответе вистинско хедонистичко задоволство за вашите најблиски. Без разлика дали ќе се одлучите за вкусни мафини, прекрасна торта или пуслици што се топат во уста, овие креативни идеи во форма на новогодишни елки сигурно ќе ги воодушеват вашите гости како со изгледот така и со вкусот…
1. Неодолива торта
Подгответе ја вашата омилена, лесна торта, но направете ја тркалезна. Пресечете ги краевите и направете триаголници, а во средина ставете чоколадно стапче, така што секое парче ќе личи на мала елка. Засечете го секое парче на краевите за да добие форма на елка и украсете го со шарени бонбони. Уживајте во овие вкусни празнични дрвца!
2. Празнични мафини
Измесете тесто за вашите омилени слатки мафини и испечете ги. Ставете ги во златни или црвени корпички за да бидат во духот на празниците. Изматете шлаг, додадете зелена прехранбена боја и со помош на шприц направете елкички како на фотографијата. Украсете ги со ситни бонбони и ставете ѕвезда на врвот што може да се јаде. Сите ваши гости ќе бидат воодушевени!
3. Пуслици во форма на елка
Изматете 2 белки со 150 грама шеќер и додадете лажичка лимонов сок. Матете ги белките додека не добиете пена, а шеќерот додавајте го постепено. Кога ќе добиете цврст снег, додадете лимонов сок и продолжете со матење. Додадете прехранбена зелена боја и со помош на шприц формирајте елки. Ставете ги пуслиците во рерна околу 60 минути на 130 степени Целзиусови. Кога ќе се испечат, наросете ги со малку шеќер во прав за да изгледаат како да се покриени со снег, а на врвот ставете украсна снегулка или ѕвездичка.
Доколку сте расположени за нешто уште послатко, подгответе ги и овие 3 чоколадни празнични десерти.