Измијте ја косата со јаболков оцет: Резултатите ќе ве остават без зборови

Измијте ја косата со јаболков оцет: Резултатите ќе ве остават без зборови

Органскиот јаболков оцет е одличен за косата и кожата на главата. Тој ја чисти косата и ѝ дава волумен и сјај, додека истовремено го спречува нејзиното опаѓање. Јаболковиот оцет ја намалува иритацијата на кожата која предизвикува чешање и го елиминира првутот така што ги уништува бактериите или габите кои се затвориле во фоликулите на влакната.

Измијте ја косата со јаболков оцет: Резултатите ќе ве остават без зборови

Јаболковиот оцет содржи алфа-хидроскилна киселина, па со миењето ќе ги отстраните и сите наслаги од вашите омилени производи за обликување на косата. Вашата коса со сигурност никогаш претходно не била толку чиста. Овој метод ѝ обезбедува одличен квалитет на вашата коса, правилен pH баланс, го стимулира нејзиниот раст и ја прави поздрава кожата на главата.

Јаболковиот оцет ги убива сите бактерии и го отстранува првутот. Ја поттикнува циркулацијата на крвта во малите крвни капилари. Има моќно дејство против габите и вирусите, па затоа е и одлично за борење против инфекциите на кожата на главата. Тој исто така ги отстранува и мртвите клетки кожи, како и го поттикнува здравиот раст на косата.

Како да го користите јаболковиот оцет за различните типови коса?

  1. Брановидна, густа или долга коса: Измешајте 120 милилитри јаболков оцет со 1 литар топла вода.
  2. Права, тенка или кратка коса: Измешајте 1 лажица јаболков оцет со 230 милилитри топла вода.
  3. Хемиски исправена или третирана коса: Измешајте 120 милилитри јаболков оцет со 470 милилитри топла вода.
  4. Природно виткана или густа коса: Измешајте 230 милилитри јаболков оцет со 700 милилитри топла вода.

Колку често треба да користите јаболков оцет за миење на косата?

  1. Брановидна, густа или долга коса: Еднаш во 2 недели.
  2. Права, тенка или кратка коса: Еднаш неделно.
  3. Хемиски исправена или третирана коса: Еднаш месечно.
  4. Природно виткана или густа коса: Еднаш во 6 до 8 недели.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар