Измерете го квалитетот на вашата врска: 12 прашања кои откриваат каква е вашата љубов

Измерете го квалитетот на вашата врска: 12 прашања кои откриваат каква е вашата љубов

Психолозите сметаат дека постои разлика помеѓу тоа да сте задоволни од својата љубовна врска и да напредувате. Задоволството, во литературата на позитивната психологија, означува дека работите се во ред. Напредувањето, пак, значи дека постојано се движите напред, со цел да ги преминете своите граници и можности за достигнувања.

Измерете го квалитетот на вашата врска: 12 прашања кои откриваат каква е вашата љубов

Како со сигурност можете да знаете дека некоја врска е во добар правец, а не дека стагнира изгубена во секојдневието? Психолозите пронашле начин за ова. Пред сѐ, важни се неколку компоненти:

  • Смислата и целта
  • Личниот развој
  • Имањето иста цел со партнерот
  • „Давањето“ во врската (партнерот често да го ставате пред себе)

Сузан Краус Витборн, професорка по психологија на Универзитетот во Масачусетс, го опишала експериментот во којшто учествувале 408 луѓе кои се во брак. Тие во просек имале околу 43 години и биле околу 15 години во брак. Меѓу другото, во тој експеримент се поставувале 12 прашања кои можат да го одредат „квалитетот“ на врската. Обидете се и вие да одговорите, користејќи оценки од 1 до 5, каде што 5 означува „многу се сложувам“ или „секогаш“.

1. Имам повеќе успех во исполнувањето на своите важни цели, поради помошта од партнерот.

2. Бараме активности кои ни помагаат да напредуваме како пар.

3. Мојот партнер ми помогна да напредувам на начини на кои не би можел/а сам/а.

4. Вреди да го споделам своето мислење со партнерот.

5. Кога донесувам важни одлуки, размислувам дали тоа ќе биде добро за нашата врска.

6. Природно и лесно ми е да направам некои работи кои ја зајакнуваат нашата врска.

7. Разговорот со партнерот ми помага да ја видам ситуацијата на поинаков начин.

8. Секогаш наоѓам време да го прославам успехот на својот партнер.

9. Навистина работам на тоа да ја подобрам нашата врска.

10. Партнерот покажува заинтересираност за работите кои ми се важни.

11. Правиме работи кои нам како пар ни се значајни.

12. Имам време кога на мојот партнер му е потребен разговор.

Измерете го квалитетот на вашата врска: 12 прашања кои откриваат каква е вашата љубов

Прашањата може да се групираат во 4-те теми:

  • Смисла и цел – прашањата 5, 9 и 11
  • Личен развој – прашања 2, 3 и 7
  • Иста цел на двајцата партнери – прашања 1, 6 и 10
  • „Давање“ во врската (партнерот честопати го ставате пред себе) – прашања 4, 8 и 12

Од добиените резултати можете да процените каде се наоѓаат предностите и слабостите во вашата врска: Дали вие и вашиот партнер имате големи оценки кај заедничките цели, но слаби кај личниот развој? Кога ќе одговорите искрено, дали можете да кажете дека некој од вас повеќе вложува во врската? Дали можете да зборувате за храната, но не и за чувствата? Оваа скала може да ви биде водич низ тоа кои делови од врската сакате и ви е потребно да ги промените.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар