Излезете надвор од вашата комфорна зона! Корисни совети за срамежливите девојки

Излезете надвор од вашата комфорна зона! Корисни совети за срамежливите девојки

Да се биде срамежлив понекогаш и не е најдобрата работа. Пропуштате многубројни шанси, не уживате во работи кои останатите девојки на ваши години ги прават, се срамите да започнете разговор со момчето кое ви се допаѓа… Но, сепак овој проблем може да се реши. Следете ги овие совети и излезете од вашата комфорна зона.

1-izlezete-nadvor-od-vashata-komforna-zona-korisni-soveti-za-sramezhlivite-devojki-www.kafepauza.mk_

1. Вежбајте ги разговорите претходно. И потоа направете ги. Сите ги вежбаат битните разговорите однапред бидејќи така се добива поголема самодоверба.

2. Совладајте ги вашите моќни пози. Говорот на телото кажува многу. Побарајте неколку видеа од луѓе кои покажуваат како со помош на телото да постигнете поголема самодоверба. Пробајте, успева!

3. Секој ден поставете си некоја цел и остварете ја. Сакате да разговарате со некој нов човек секој ден во неделата? Се надевате дека ќе може да зборувате на вашиот следен состанок? Ако постојат работи кои ве предизвикуваат, пробајте да остварувате секој ден по една. Самодовербата ќе ви се зголеми и нема да се откажувате така лесно.

4. Започнете со промена на малите нешта. Сакате нова маска за вашиот телефон? Одберете ја зелената наместо црната. Сакате да испробате нов лак за нокти? Одлично, одберете дреч жолт. Запомнете, промените започнуваат од малите нешта.

2-izlezete-nadvor-od-vashata-komforna-zona-korisni-soveti-za-sramezhlivite-devojki-www.kafepauza.mk_

5. Застанете пред фотоапаратот. Вие секогаш стоите зад фотоапаратот сликајќи ги другите бидејќи вашиот начин на забава е секако – да не бидете забележани. Време е да застанете пред фотоапаратот и да бидете дел од тие заеднички спомени со вашите пријатели.

6. Најдете нешто што ве прави уникатни. Срамежливите девојки имаат тенденција да „бегаат“ од она што ги прави уникатни. Уникатно е она што ве прави специјални и поразлични од останатите. Ова ќе направи да имате поголема самодоверба, но и ќе ви помогне да запознаете нови луѓе кои ќе ги привлече токму со тоа – вашата уникатност.

7. Секој ден правете по една работа од која се плашите. Не, не мислиме да ве лазат бубачки во темница. Мислиме на оние мали работи од кои се плашите. Се плашите да праќате мејлови? Праќајте по неколку секој ден. Не сакате да одите во вашето омилено кафуле бидејќи има премногу гужва? Уште една причина за да отидете!

8. Одете на „полесни“ забави. Не одете веднаш на некои забави каде што има премногу луѓе од кои не познавате никого. На забави во кои нема воопшто да уживате. Наместо ова, пробајте да одговарате позитивно на поканите за забави каде што се сите ваши пријатели и лица кои ги познавате. Вака полесно ќе се вклопите и ќе имате поголема самодоверба кога ќе се запознавате со нови луѓе.

3-izlezete-nadvor-od-vashata-komforna-zona-korisni-soveti-za-sramezhlivite-devojki-www.kafepauza.mk_

9. Научете да се шегувате, а потоа искористете го тоа. Шегите се застрашувачки за срамежливите девојки. Тие ве ставаат во центарот на групата и многубројните вперени очи во вас прават да поцрвенувате. Но, ако научите да се шегувате на вистинскиот начин, ќе ја зголемите својата самодоверба и ќе ви биде пријатно да зборувате пред поголема група луѓе.

10. Одете на двоен состанок со вашата најдобра другарка. Дали одењето на состанок ве плаши? Понекогаш во текот на состанокот ви е потребна потпора. А кој би бил најдобра потпора за вас ако не вашата најдобра пријателка?!

11. Започнете хоби со неколку блиски пријатели. Секогаш сте сакале да научите да фотографирате? Запишете се на курс! Отсекогаш сте сакале да запознаете нови култури? Патувајте! Доживувањето нови работи е одличен начин за излегување од вашата удобна зона. Постојат многу начини за да го живеете животот со полна пареа.

12. Променете нешто во стилот. Направете шишки или бојадисајте ја косата во омбре стил. Носете куси здолништа наместо куси панталони. Ставете шешир, очила, облечете кратки чизмички, или што било поразлично од она што го носите секојдневно. Промената ќе направи да бидете забележани.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар