Изјавите на овие 3 девојки целосно ќе ви го сменат мислењето за шминката

Изјавите на овие 3 девојки целосно ќе ви го сменат мислењето за шминката

Многу жени не можат ни да замислат дека некоја друга жена не сака да се шминка и дека навистина излегува од домот без шминка и така го минува целиот работен ден. Тие би се чувствувале како да излегле голи и како сите критички да ги одмеруваат. Шминката, без разлика колку е умерена, претставува дневна маска, дел од опремата која ни е потребна да се соочиме со дневните предизвици. Понекогаш совршената шминка е апсолутно неопходен дел од нашиот изглед, во нашите мисли, лицето што го покажуваме во јавноста мора да блеска.

2-dokolku-ne-sakate-da-se-shminkata-ovoj-tekst-e-tokmu-za-vas-www.kafepauza.mk_

Многу жени кон шминкањето имаат рутински и несвесен однос, односно доволно им се оние производи што отсекогаш ги користеле за малку да го освежат лицето и да ги истакната очите. Тие понекогаш добро се чувствуваат и без шминка или пак, малку руменило и пудра им се сосема доволни за да се чувствуваат подготвени. А, некои жени пак секогаш добро се чувствуваат со своето природно лице и само понекогаш ставаат руменило и кармин, најчесто за некои специјални прилики. Но, како размислуваат жените кои не сакаат да се шминкаат? Прочитајте ги нивните ставови…

1. Шминкањето е неприродно

„Нашминканите жени ми изгледаат како кловнови во циркус, спремни за да ги изведат своите трикови. Не изгледаат природно, туку како да ги нацртале своите лица, врз она кое се обидуваат да го прикријат. Јас нема што да кријам, ниту што да истакнувам. Тоа е моето лице и не сакам да додатно да го цртам.“

2. Се чувствувам секси и без шминка

„Знам дека на жените им е потребна самодоверба за да се чувствуваат секси, моите пријателки често зборуваат за тоа. Тие сметаат дека јас не мора да се шминкам, бидејќи сум во предност – имам добар тен, румена усна, немам подочници, додека пак тие мораат да ги сокриваат бројните недостатоци и да го истакнуваат она што е убаво на нивното лице, за да се чувствуваат посакувано. Но, не се во право. Тие се навикнати да ме гледаат мене без шминка, но не се навикнати така да се гледаат и прифатат себеси. За мене, тие се поубави без шминка, но доколку разубавувањето им е неопходно за да се чувствуваат како жени, јас го почитувам тоа. И не ја делам нивната несигурност и потребата за извор на самодоверба, кој на крајот од денот го бришете за да го одморите лицето.“

1-dokolku-ne-sakate-da-se-shminkata-ovoj-tekst-e-tokmu-za-vas-www.kafepauza.mk_

3. Моето момче мисли исто како мене

„Мислам дека поголемиот број на мажи го мислат истото што и јас – шминката е лажирање на убавината, а природниот изглед дозволува да се види вистинската убавина. Нему сум му убава кога сум уморна и бледа и кога косата ми е бушава, па ја собирам за да не му смета. Тој може да ме бакне, а да не му остане никаква дамка од кармин и смее да ме помилува по лицето, а јас да не размислувам како ќе ми го уништи целиот труд што сум го вложила за контурирањето, што редовно им се случува на моите пријателки. Кога зборуваме за тоа, јас им пренесувам машки став, кој е сосема сличен како мојот, но имам впечаток дека тие не ми веруваат доволно. Меѓутоа, тие не си веруваат ни себеси. Тие мислат дека не се доволно убави за да му се допаднат на некој маж, доколку очите не им се доволно „задимени“, трепките три пати поиздолжени и погусти отколку нормалното, устата полна, јаболкниците истакнати и веѓите нацртани. Мажите мразат нацртани веѓи, верувајте ми. Не мора секое влакненце да биде на своето место, секоја акна сокриена и секоја црта на лицето да биде исцртана. Но, моите пријателки сакаат да се шминкаат, да ги цртаат веѓите, да го контурираат лицето. Мислам дека во суштина тоа го прават за себеси и за другите жени, а не поради мажите. И мислам дека би требало да размислат за тоа што навистина им се допаѓа на мажите, бидејќи тоа би било навистина фер.“


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар