Изгледајте најдобро кога се чувствувате најлошо: 6 трикови за поубав изглед

Изгледајте најдобро кога се чувствувате најлошо: 6 трикови за поубав изглед

Сезона на грип. Кашламе, киваме и изгледаме како да сме виделе дух. Кожата ни е во мизерна состојба, нема дел од телото што не нѐ боли и имаме подочници до подот. Не плашете се, имаме решенија за сите вакви проблеми. Еве совети како да изгледаме најдобро, иако се чувствуваме како да нѐ удрил воз.

0-izgledajte-najdobro-koga-se-cuvstvuvate-najloso-6-trikovi-za-poubav-izgled-kafepauza.mk

1. Останете хидрирани (однатре и однадвор)

Сите знаеме колку е важно да пиеме што е можно повеќе вода, но тоа количество треба да се зголеми кога сме настинати. Освен внатрешната хидратација, важна е и надворешната. Хидрирајте ја кожата со крем. Добриот хидратантен крем може да направи чуда за вас. Ќе спречи сушење на кожата, ќе го намали црвенилото и чешањето, враќајќи ја вашата кожа во првобитната состојба.

2. Не ги прескокнувајте марамчињата за нос

Најлошиот дел кај настинките е растечениот нос. Верувајте, никој не сака да ве слуша како шмркате на секои 2 минути. Иако е очигледно, квалитетните марамчиња за нос се многу важни. Грубите марамчиња можат да го иритираат носот и околната кожа и дури може да предизвикаат пукање на капиларите. Треба да бидат без мирис и ладни на допир, за да го смират иритираниот нос.

3. Сјајте со помош на сјај за усни

Малку боја, дефинитивно ќе ве развесели, но понастрана од кармините, тие уште повеќе ќе ви ја исушат устата. Сјајот за усни е одлична алтернатива. Најдете таков што содржи високи нивоа на арганово масло, витамин Е и омега 3 за да ја задржите мекоста и еластичноста на усните.

1-izgledajte-najdobro-koga-se-cuvstvuvate-najloso-6-trikovi-za-poubav-izgled-kafepauza.mk

4. Скријте ги потечените очи

Постојат неколку трикови за да ги скриете потечените очи:

  • Пробајте да спиете со главата потпрена повисоко на неколку перници, за да ги испразните течностите кои се собираат во очите.
  • Држете ладни и влажни кесички чај околу 15 минути кои инстантно ќе ги намалат отоците.
  • Пробајте да го ставите вашиот крем за очи во фрижидер. Ладниот крем ќе ве освежи и ќе спречи формирање на „вреќи“ под очите. Кремот содржи две потребни состојки за дехидрирана кожа: хијалуронска киселина и кофеин. Хијалуронската киселина ја хидрира кожата, а кофеинот, како што претпоставувате, ќе ви ја даде потребната енергија.
  • Капки за очи – секогаш неопходни при настинка.

5. Бронзерот ви е најдобар пријател

Бронзерот може да ве спаси кога сте бледи како крпа. Нанесете малку бронзер на јаболчниците и челото за да ѝ го вратите сјајот на кожата. Барајте некој во форма на крем, кој ќе изгледа природно на сува кожа.

6. Држете се до рутината

Искрено, кога сме болни не е баш време да испробуваме нови изгледи. Држете се до лесната шминка: малку коректор под очите и околу носот; бронзер и малку маскара е сѐ што ви е потребно. Оставете ги „зачадените“ очи и црвениот кармин за кога ќе се чувствувате подобро.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар