Изгледајте како принцеза од бајките: 5 корисни совети за сите идните невести

Изгледајте како принцеза од бајките: 5 корисни совети за сите идните невести

Доколку планирате венчавка во 2017-та година, тогаш сигурно се занимавате со последните детали околу вашиот посебен ден кога ќе го изговорите „судбоносното да“. Заедно со тоа, сега е време и да ги испланирате сите детали околу вашиот целосен изглед. За да ве потурнеме во вистинската насока, ви даваме 5 клучни совети за сите идни невести или пак за оние кои се надеваат дека ќе бидат во годината која следува.

1-izgledajte-kako-princeza-od-bajkite-5-korisni-soveti-za-site-idnite-nevesti-www.kafepauza.mk_

1. Секогаш избирајте нешто класично и безвремено, а избегнувајте ги трендовите

Елеганцијата и класиката никогаш нема да излезат од мода. Комбинирајте модерни или винтиџ елементи во вашиот изглед, но избирајте покласичен изглед за да не ви биде срам за неколку години да се погледнете на фотографиите.

2-izgledajte-kako-princeza-od-bajkite-5-korisni-soveti-za-site-idnite-nevesti-www.kafepauza.mk_

2. Ако сакате да имате вел, немојте да дозволите тој да го преземе целото внимание

Пролетта е како создадена за вел. На крајот од краиштата, ништо друго не е така романтично и безвремено, а ова е воедно и вашата единствена прилика во животот да го носите.

3-izgledajte-kako-princeza-od-bajkite-5-korisni-soveti-za-site-idnite-nevesti-www.kafepauza.mk_

3. Останете верни на себе, немојте да се обидувате да изгледате поразлично

Вашата венчавка е дел од вас и ја претставува вашата љубов. Секако дека на овој ден ќе сакате да се чувствувате како најдобрата верзија од себе. Останете верни на вашиот личен стил, бидејќи ова дефинитивно не е моментот кога треба да испробувате нов изглед – овие фотографии и сеќавање ќе ви траат за цел живот.

4-izgledajte-kako-princeza-od-bajkite-5-korisni-soveti-za-site-idnite-nevesti-www.kafepauza.mk_

4. Немојте да се ограничувате со венчаницата, изберете посебно парче

Немојте да се чувствувате како да морате да носите исклучиво „венчаница“. Прекрасната долга тоалета и вел може да бидат подеднакво прекрасни. Ова е ваш ден и вие мора да се чувствувате одлично. Тоа не значи дека фустанот морате да го барате со етикета „венчаница“.

5-izgledajte-kako-princeza-od-bajkite-5-korisni-soveti-za-site-idnite-nevesti-www.kafepauza.mk_

5. Изберете модерни обувки, никако не мора да ги носите оние типични невестински модели

Понесете и удобни чевли доколку сакате да се пресоблечете. Изберете го вашиот омилен пар обувки за фотографирање, но секако и еден во кој ќе можете да стоите на нозе, но и да играте цела ноќ!

6-izgledajte-kako-princeza-od-bajkite-5-korisni-soveti-za-site-idnite-nevesti-www.kafepauza.mk_


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар