Избришете ги сите знаци на стареење со помош на белка од јајце и стапчиња за уши

Избришете ги сите знаци на стареење со помош на белка од јајце и стапчиња за уши

Стареењето носи многу промени во нашиот изглед. Со годините, лицето почнува да добива бори, бидејќи кожата ја губи својата еластичност, како и цврстината и затоа почнува да се опушта. Неминовно, првите знаци на стареење се појавуваат во пределот околу очите. Тоа се случува бидејќи мускулите и ткивата околу очите слабеат со текот на времето како резултат на намаленото производство на колаген.

Избришете ги сите знаци на стареење со помош на белка од јајце и стапчиња за уши

Се случува сите мускули и ткива околу очите да ослабат со текот на времето, бидејќи колагенот значително опаѓа со текот на годините. Исто така, мастите и течностите се насобираат под очите, правејќи ја оваа област многу чувствителна. Како резултат, околу очите настануваат отечени и темни кругови поради кои изгледате постари одошто навистина сте.

Но, постојат и други причини кои можат да влијаат на вашиот изглед. На пример, луѓето кои поминуваат низ хормонални промени често се ненаспани и под стрес. Од друга страна пак, животните навики, како алкохолот и пушењето исто така можат да доведат до предвремено стареење. Да не ја заборавиме и генетиката, која има важна улога.

Поради уморниот изглед, жените често се обидуваат со шминка да го подобрат својот изглед. Но, за среќа постои еден сосема едноставен домашен рецепт кој може ефикасно да го спречи овој естетски проблем, без притоа да фрлате илјадници денари на различни продукти за убавина. Потребни ви се само 1 белка од јајце и стапче за уши.

Првото нешто кое треба да го направите е темелно да ја исчистите вашата кожа од шминката. Потоа земете го јајцето и одвојте ја белката. Потопете го стапчето во неа, затворете ги очите и нежно поминете ги капаците со него. Држете ги очите затворени сè додека белката не се исуши целосно. Можете да користите и вентилатор или фен за да го забрзате процесот.

Резултатите ќе ве остават без зборови.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар