Избришете ги од главата: Ова се најлошите 6 совети за љубовта и сексот
Доколку некогаш сте ги добиле овие совети, најдоброто нешто што можете да го направите со нив е веднаш да ги заборавите. Во продолжение прочитајте за 6-те најлоши љубовни совети за сексот и привлекувањето до кои никако не би требало да се придржувате.
1. Никогаш немојте да се бакнувате со момчето на вашиот прв состанок, бидејќи ќе оставите впечаток на лоша девојка
Факт: Добрата девојка може да бакне кој било, кога било и каде било. И додека секој маж на првиот состанок мора да покаже разбирање кон својата партнерка, сепак таа избира дали на крајот ќе го израдува со бакнеж. Без разлика на изборот, и понатаму ќе остане добра девојка.
2. Доколку имате секс со момчето на вашиот прв состанок, тој ќе мисли дека сте „лесна“ девојка
Факт: Доброто момче никако нема да ве осудува поради вашите одлуки, особено за оние кои се во врска со сексот. Вистина е дека девојките се осудуваат доста строго доколку се одлучат да имаат секс на првиот состанок, но тоа не би требало да биде така. За среќа, оваа предрасуда пополека оди кон минатото.
3. Доколку го возбудите, морате да имате секс со него
Факт: Секогаш можете да кажете „не“, без разлика на сè. Воопшто не е важно колку е тој возбуден, кога ќе му кажете да престанете, тој мора да престане. И тоа не ве прави лоша личност.
4. Тој треба подобро да се потруди
Факт: Сигурно некој ви рекол дека мажот треба добро да се потруди пред да ве освои, исто како и дека треба да почекате пред да му одговорите на пораката и да не ги прифаќате состаноците кои се договараат во последен момент. Вистина е дека треба да му покажете дека имате сопствен живот, но доколку сте постојано зафатени, ќе ги пропуштите многубројните спонтани моменти кои се случуваат само еднаш во животот, исто како и првата љубов.
5. Лезбејките ги мрзат мажите
Факт: Лезбејките можеби не спијат со момци, но тоа не значи дека ги мразат. Само затоа што немаат секс со нив, не значи дека не можат да ги поднесат, туку тие едноставно не ги привлекуваат сексуално. Во прашање е потполно невистинит мит.
6. Доколку поминувате многу време во извршувањето на домашните обврски, нема да му бидете секси
Факт: Перењето на облеката нема никаква врска со тоа дали некој е секси или пак не. Вие ќе имате секс без разлика дали вашиот под е чист или валкан.