Избегнувајте ги: Намирници што не треба да ги јадете пред пливање

Избегнувајте ги: Намирници што не треба да ги јадете пред пливање

Не треба да влегувате во вода барем половина час по оброкот, а има и одредени намирници што е подобро да се избегнуваат пред пливање. Овие намирници може да ви го уништат разладувањето во водата ако ги консумирате пред пливање.

Избегнувајте ги: Намирници што не треба да ги јадете пред пливање

1. Зачинета храна

Бидејќи телото е претежно во хоризонтална положба додека пливате, киселинскиот рефлукс може да биде проблем, а зачинетата храна може да го направи тој проблем уште полош. Затоа, пред пливање, не консумирајте лути сосови, пиперки и друга храна што може да ви создаде непријатности.

2. Овошни сокови и газирани пијалаци

Наместо овошни сокови и газирани пијалоци што може да предизвикаат надуеност и грчеви, освежете се со вода пред пливањето. Составот на овошните сокови и на газираните пијалоци создава притисок врз надворешниот слој на абдоминалниот ѕид, што може да ви го отежни пливањето.

3. Алкохол

Алкохолните пијалаци ја намалуваат можноста за реакција и проценка, а тоа може да биде особено опасно кога станува збор за влегувањето во вода. Затоа, најбезбедно е целосно да избегнувате алкохол пред да влезете во вода.

4. Мешунки

Гравот и мешунките, како што се леќата и грашокот содржат многу растителни влакна што се добри за здравјето, но можат да предизвикаат надуеност, запек и грчеви, кои може да го уништат вашето летно уживање.

5. Енергетски пијалаци

Консумирањето енергетски пијалоци може да предизвика дијареја или гадење додека сте во вода, а постои и ризик од дехидратација.

Прочитајте зошто пливањето е добро за вашето здравје.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар