Италијански сладолед од кафе

Италијански сладолед од кафе

Разладување со омилениот вкус

Италијански сладолед од кафе

Потребни состојки:
  • 9 жолчки од јајце
  • 200 грама шеќер
  • 500 мл млеко
  • 125 грама кафе
  • 300 мл слатка павлака
Начин на подготовка:
  1. Мешајте ги жолчките и шеќерот додека не добиете кремаста смеса.
  2. Ставете ги млекото и кафето во сад на оган и чекајте смесата да почне да вари, а потоа тргнете го садот настрана и почекајте да се излади десетина минути. Процедете го кафето и смесата истурете ја во садот со жолчките и шеќерот. Повторно мешајте додека да добиете хомогена смеса.
  3. Смесата што ќе ја добиете по мешањето ставете ја на оган на температура од 85 степени. Кога малку ќе се стопли тргнете ја од оган, повторно процедете и оставете да се излади. Потоа додајте ја слатката павлака и замрзнете ја смесата.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар