Италијанките ги одобрија: 15 кратки правила за совршен оброк со тестенини

Италијанките ги одобрија: 15 кратки правила за совршен оброк со тестенини

Тестенините се едни од најомилените јадења ширум светот. Поголемиот дел од нас барем еднаш неделно ужива во тестенини, а постојат многу различни начини на кои ги подготвуваме. Но, доколку сакате секој пат да приготвувате вкусни тестенини, тогаш добро запомнете ги следните 15 правила од најголемите мајсторки за подготовка на тестени – Италијанките!

3-italijankite-gi-odobrija-15-kratki-i-edinstveni-pravila-za-sovrsheno-jadenje-so-testenini-www,kafepauza.mk_

1. Тестенините секогаш гответе ги со додавање чили. Но сосот нека не биде премногу лут, бидејќи така би го уништил јадењето. Сепак, нека е доволно интензивен за да го засили вкусот на тестенините.

2. Кога подготвувате јадење со шкампи, во водата во која се вареле шкампите згответе ги и тестенини за побогат вкус.

3. Ако готвите со вино, користете го истото вино кое потоа ќе го пиете заедно со јадењето.

4. Немојте да претерувате со сосот, бидејќи во текот на јадењето треба да уживате и во вкусот на самите тестенини.

5. Испробувајте разни облици на тестенини. Постојат околу 350 разни видови тестенини ширум светот. И тоа е доста голем избор за експериментирање, играње и забава во текот на готвењето.

1-italijankite-gi-odobrija-15-kratki-i-edinstveni-pravila-za-sovrsheno-jadenje-so-testenini-www,kafepauza.mk_

6. Ако сакате да готвите тестенини како што тоа го прават Италијанките, тогаш водата треба да врие од 1 до 5 минути, но не и повеќе.

7. Ако правите јадење со запечени тестенини, секогаш печете така што сјајната страна од алуминиумската фолија ќе ја свртите надолу.

8. Кога топите путер на шпоретот, тргнете го од огнот додека сѐ уште се топи за да не загори.

9. Кога правите тестенини со зеленчук, исечкајте го целиот зеленчук на мали парчиња со еднаква големина за да се зготви рамномерно.

10. Во водата во која се готват тестенините секогаш додавајте сол, но не премногу. Препорачаната количина е 10 грама на 3 литри вода.

2-italijankite-gi-odobrija-15-kratki-i-edinstveni-pravila-za-sovrsheno-jadenje-so-testenini-www,kafepauza.mk_

11. Кога на јадењето ќе му додадете лимон, исцедете го така што месото на лимонот да биде свртено кон дланката за семките да не завршат во јадењето.

12. Избегнувајте да додавате лук во тестенините. Не е потребен при подготвувањето на тестенините и додајте го само доколку вкусот и мирисот на кромидот кој го користите не се доволно добри.

13. Во водата во која се готват тестенините додајте мали шери домати. Со нож засечете ги доматите и ставете ги во водата. Тие ќе им дадат фин вкус на тестенините.

14. Доколку подготвувате јадење и тестенините се изладат пред послужување, не треба повторно да ги загревате, туку само полијте ги со врела вода и продолжете.

15. Маслиновото масло може, но и не мора да се додаде во тестенините додека се варат. Тоа на тестенините ќе им даде сосема поразличен вкус, па употребувајте го тогаш кога сте подготвени за експериментирање.

Сосовите се важен дел од сервирањето на тестенините, па погледнете ги овие брзи и едноставни сосови за тестенини.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар