Истражувањата откриваат: Колку повеќе ги прегрнувате вашите деца толку попаметни ќе стануваат

Истражувањата откриваат: Колку повеќе ги прегрнувате вашите деца толку попаметни ќе стануваат

Дали сте од оние родители кои постојано ги гушкаат децата? Доколку одговоривте потврдно, тогаш никако не престанувајте да го правите тоа! Според најновите истражувања, многу е важно да му покажувате љубов на бебето на физички начин во текот на неговиот развој.

Истражувањата откриваат: Колку повеќе ги прегрнувате вашите деца толку попаметни ќе стануваат

Колку повеќе го прегрнувате бебето толку повеќе се развива неговиот мозок, според неодамнешните истражувања од Детската болница во Охајо. Во истражувањето учествувале 125 бебиња, меѓу кои некои биле предвремено родени, а другите биле навремено родени. Истражувачите испитувале како тие реагирале на физички допир.

Резултатите покажале дека предвреме родените бебиња помалку реагирале на физичкиот допир, за разлика од бебињата кои не биле родени предвреме. Исто така, се открило дека бебињата кои добивале повеќе љубов од родителите или вработените во болницата покажале посилна мозочна реакција.

Според истражувачите, последново откритие ни кажува дека нешто толку едноставно како што е физичкиот контакт или лулкањето на бебето во раце прави огромна разлика кога станува збор за мозочниот развој.

„Предвреме родените бебиња мора да добиваат позитивни и грижливи допири од страна на родителите за да може нивните мозоци да реагираат на нежниот допир исто како што реагираат мозоците на бебињата кои ја поминале целата бременост во стомакот на мајката“, откриваат истражувачите.

Заклучокот е дека љубовта е од огромно значење за развојот на мозокот. Прегрнувајте ги и милувајте ги вашите бебиња колку што можете повеќе!

Прочитајте го и ова интересно откритие според кое бебињата треба да спијат со нивните мајки додека не наполнат 3 години.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар