Историјата на турбанот
Од неговото доаѓање на Западот на крајот од 17-от век, жените го носат турбанот како знак на гламурозност, но и заради полесно задржување на косата. Погледнете како традиционалниот турбан се развивал со текот на времето и станал еден од најпривлечните модни додатоци. Во текот на 17-от век турбанот бил широко распространет низ Европа. Во овој период холандскиот сликар Јан Вермер ја насликал „Девојката со бисерна обетка“. На ова ремек-дело претставена е девојка која, покрај впечатливата бисерна обетка, на главата носи сино-жолт турбан инспириран од турски фустан. За време на 19-от век турбанот станал поретка појава, но веќе во 20-от век францускиот дизајнер Пол Пуаре бил тој кој помогнал овој детаљ со помош на неговото влијание од Истокот повторно да стане модерен. Враќањето на турбанот во мода било исто толку популарно колку и ослободувањето од корсетот во тоа време. Естетиката на Пуаре била прифатена од мецената Пеги Гугенхајм и од ѕвездата на немиот филм Глорија Свансон. Во текот на 1930-тите години, турбанот бил карактеристика на добро образованите интелектуалци и жените кои често патувале, како што била шведската филмска ѕвезда Грета Гарбо, која била позната не само во Холивуд, туку и во целиот свет. Кога американската актерка Хеди Ламар ја одиграла убавицата од Француска Индокина (француска колонија во Индокина) во филмот „Дамата од Тропикот“ во 1939 година, таа носела турбан на главата за да го заведе американскиот плејбој. Можеби најпознатиот турбан на филмското платно во текот на 1940-тите години беше оној кој го носеше американската актерка Лана Тарнер во филмот од 1946 година „Поштарот секогаш ѕвони двапати“. Чистата боја на турбанот во филмот одлично ги замаскирал нејзините злобни намери. Кога американскиот модел Мариса Беренсон била фотографирана покрај базен, турбанот добил уште една практична функција. Со нејзиниот виолетов турбан кој истовремено служел како моден додаток и како пешкир за тело, Беренсон постигнала практичен и модерен изглед. Веќе во 1970-тите години жените почнале да го носат турбанот како капа, оставајќи нивната долга права коса слободно да паѓа. Во 1973 година американската пејачка и актерка Барбара Стрејсенд ја предизвика Грета Гарбо носејќи турбан и луксузен крзнен капут на премиерата на филмот „Такви какви што сме“. Членовите на британското кралско семејство се познати по шапките кои ги носат, но кралицата Елизабета Втора го преферира турбанот повеќе отколку круната. Таа носеше турбан за време на нејзината посета на Западните Острови во 1996 година, а впечатлив беше и жолтиот турбан со бели точки кој Кралицата го носеше во Мексико во 1975 година. Во 2006 година, на доделувањето на музичките награди на Ем-ти-ви, Џенифер Лопез носеше турбан кој наликуваше на моден детаљ од времето на диско ерата. Турбанот на Лопез беше прекриен со сребрена мрежа и беше дел од фустанот кој таа го носеше. Во 2009 година, моделот Кејт Мос во музејот Метрополитен носеше турбан изработен од ламе (вид ткаенина проткаена со тенки метални нишки) за да одговара на нејзиниот фустан дизајниран од Марк Џејкобс. Овој стил придонесе таа вечер Кејт Мос да биде и официјално заслужна за враќањето на турбанот во мода. Во 2010 година, турбанот повторно се врати во мода појавувајќи се на модните писти како дел од колекциите пролет-лето 2011 година на Џејсон Ву и Џорџо Армани. По тој повод, на модната недела во Париз, Селма Хајек носеше турбан дизајниран од Стела Макартни. Прифаќајќи го советот на својата стилистка Џун Амброуз, помалата сестра на Бијонси, Соланж Ноулс, беше забележана како носи впечатлив турбан. За разлика од неа, трендестерката Маргарита Мисони носеше плетена верзија на турбан со детали кои го надополнуваа нејзиниот накит. Минатиот месец, на филмскиот фестивал во Торонто, актерката Ева Мендес се појави со сатенски турбан дизајниран од Прада кој го круниса нејзиниот фустан дизајниран од Долче и Габана.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.