Историјата на модата: Од што зависи кои бои ќе бидат во тренд?
Кога доаѓа новата сезона во светот на модата, многу е лесно да се открие што ќе биде во тренд – само прелистајте ги омилените модни магазини или „прекопајте“ го интернетот и сѐ е тука, како на дланка. Брзо дознавате како би требало да се шминкате, која фризура ќе биде особено популарна, и најважно, кои бои и модни парчиња ќе бидат задолжителни. Но, дали некогаш малку подлабоко сте размислувале за она што сте го прочитале? Зошто баш црвена јакна, а не некоја друга боја? Од што зависи тоа? И како воопшто настануваат таквите модни предвидувања?
„Погледни назад, пред да погледнеш напред!“
Првиот чекор во предвидувањето на боите што ќе бидат во тренд за сезоната која доаѓа е да се погледне назад, во минатото. Модните дизајнери кои зад себе имаат години и години искуство може со часови да ви зборуваат за тоа како боите пред нивните очи „влегувале“ и „излегувале“ од мода. На пример, во 90-тите години неутралните нијанси биле во мода, а особено популарна била сивата боја. во 2000 година пак доминираше посебната техника на „испарување“ на боите за да се дојде до впечатлив ефект, но веќе при крајот на првата декада од 2000 година во мода повторно беше „чистиот“ изглед.
Денес, како што и самите можеме да забележиме на улиците, љубовта кон боите е појака од кога било порано и сето тоа благодарение на развојот на технологијата, но и порастот на одредени модни брендови кои се карактеризирале како модерни и во тренд. Денес бојата во модата е клучна и затоа предвидувањето на нијансите што ќе бидат во тренд е прилично напорна работа.
2014-та година беше година на розовата боја, а било предвидено и дека истата боја ќе доминира и во текот на 2016-та година. Верувале или не, таа навистина доминираше, без разлика дали вие лично сте ја носеле или не. Најдобар доказ за тоа се бројните модни комбинации за кои се одлучија трендсетерките и модните блогерки. Исто така, оваа боја се носеше во сите варијанти и прилики. Предвидувањето беше успешно!
Розовата боја не случајно е денес тука каде што е, а како тренд се развила под влијанието на 80-тите години. Сега, модните експерти прогнозираат дека тренди тоновите ќе се движат накај виолетовата боја во текот на наредните 2 години. Значи, доколку сакате да бидете модерни, тогаш задолжително набавете нешто во виолетова нијанса, без оглед дали станува збор за аксесоар или парче облека.
Ви откривме која боја ќе биде во тренд за време на месеците кои се пред нас, но, која е тајната на предвидувањето? Како стигнавме до виолетовата боја? Како што веќе напомнавме, за да погледнете „напред“, мора прво да фрлите поглед на она што е назад. За да откриете која боја ќе биде доминантна, морате добро и длабоко да го анализирате општеството, па дури и оние најсуптилните промени кои се одвиваат. Морате да се занимавате и со самите бои и да анализирате како модниот свет се однесува спрема нив, дали е заситен со таа боја и дали има потреба за нови тонови. Мора да анализирате што се случува во светот на индустријата, што се случува во дизајнот, во технологијата, па дури и во политичката и социјалната сфера. Модните експерти знаат дека сето ова може да влијае на модните трендови. Затоа, лесно можеме да заклучиме дека модата во никој случај не се игнорира од целокупниот живот, зар не?