Истегнувајте го овој мускул секој ден за да ги избегнете болките во грбот

Истегнувајте го овој мускул секој ден за да ги избегнете болките во грбот

Секоја активност, без разлика дали е работа, спорт или активност од секојдневниот живот, може да предизвика болки во лумбалниот дел на грбот, доколку се направи нагло, неправилно или се изведува долго време.

Истегнувајте го овој мускул секој ден да ги избегнете болките во грбот

Лумбалниот мускул (guadratus lumbordum) е еден од најголемите причинители на болка во грбот. Затоа е многу важно не само да се движите, туку и правилно да правите вежби за истегнување на крајот од денот.

Болката најчесто се поврзува со следниве активности:

  • Неправилно кревање тежина, при што торзото се свива и ротира
  • Нагло движење, свивање или ротирање и истегнување на торзото
  • Долготрајно седење
  • Долготрајно возење во автомобил
  • Долготрајно пешачење
  • Долготрајно стоење
  • Лоша положба за време на спиење
  • Повреди на мускулно-скелетниот систем во лумбалниот предел (сообраќајни незгоди, повреди за време на спортски активности…)

Со избирање на правилни вежби за истегнување на стомачните мускули и лумбалниот мускул, карлицата ќе се доведе во правилна позиција. Исто така, со овие вежби, волуменот на овој мускул ќе се зголеми.

Слично, на овој начин се решава и лордозата – држење на телото кое можеме да го препознаеме по силно нагласената лумбална кривина на половината нанапред и отпуштените стомачни мускули.

Погледнете ги овие 3 вежби против болки во кичмата. Дополнително, погледнете како да ги отстраните болките во грбот за само 60 секунди.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент по Македонски јазик и книжевност. Кога не пишува - чита, и обратно. Сигмунд Фројд, нејзините миленичиња, цртани, Фреди Меркјури, стари предмети и Мото ГП.

Поврзани содржини

Остави коментар