Истакнете ги очите со помош на ајлајнерот: Која боја најмногу ви одговара на бојата на вашите очи?
Кога температурите ќе почнат да опаѓаат, најчесто и пред сè размислувате како да се затоплите, а помалку важно ви е да изгледате совршено, бидејќи да не се лажеме – на никого капата, шалот и топлата зимска јакна не му стојат толку добро како лесниот, тенок летен фустан! Поголемиот дел од девојките со помош на дискретна шминка сакаат да ја сокријат намалената креативност во облекувањето, а ние ви нудиме неколку практични совети за тоа. Одберете ја бојата на ајлајнерот која најдобро ќе ги истакне вашите очи и заблескајте во овие студени денови на кои им фали малку светлина.
Кафеави очи
Наместо да носите класичен црн ајлајнер, оваа сезона одлучете се за темносина или тегет боја. Не грижете се за тоа кога станува збор за вашите очи, бидејќи сите нијанси на темносината боја ќе го освежат вашиот поглед, а шминката ќе биде доволно впечатлива, па ништо друго освен кармин нема да ви биде потребно.
Очи со боја на лешник
Дамите со оваа нијанса на очи се вистински среќници, бидејќи оваа сезона со леснотија ќе можат да носат кафеава и златна боја на ајлајнер и молив за очи. Благодарение на светлата нијанса во внатрешноста на самото окото, ќе ја истакнете светлина и ќе направите вашето око да изгледа поголемо.
Зелени очи
Можеби ќе ви се чини невозможно, но зеленооките жени би требало да се опуштат и оваа сезона да се одлучат за виолетов ајлајнер. Ако пронајдете нијанса која влече кон ладните тонови на виолетовата боја бидете безгрижни, бидејќи таа одлично ќе се вклопи со вашата природна боја на очите, која според класичната поделба спаѓа во ладните нијанси на бои.
Сини очи
Синооките убавици може да воздивнат, бидејќи овој контраст на бои кои им одговара, најверојатно одамна им е познат. Зелените нијанси на молив за очи или ајлајнер, а особено оние кои во себе содржат сивкасти или сини поднијанси ќе бидат совршен избор.
Сиви очи
Жените чии очи се доста сивкасти, оние кои се сметаат за синооки, но кај кои сината компонента е премногу слаба, би требало да се одлучат за контрастна нијанса на ајлајнер со која би го нагласиле и „загреале“ погледот. Тоа најдобро ќе го постигнете со виолетови нијанси кои имаат црвеникава или кафеава поднијанса, нешто слично како боја на вино. Погледот ќе ве загрее во ладните ноќи подобро и од греено вино.