Испробајте ги веднаш: Вкусни и здрави сендвичи без леб
Обожавате да јадете сендвичи, но поради чувствителноста на глутен или поради некоја друга причина не смеете или не сакате да јадете леб, печива или кои било други производи од житарки? Одлична вест е тоа што можете да подготвите вкусни и здрави сендвичи и без леб, а како замена за него да искористите одреден зеленчук. Овие сендвичи се одлични како утрински или вечерни оброци, но и како ужина. Еве неколку одлични рецепти, но секогаш можете да ја „пуштите“ вашата фантазија и да измислите ваш уникатен сендвич.
Ролни од шунка со грчки јогурт
Потребни состојки:
- 1 голема краставица
- 2-3 лажици грчки јогурт (или павлака)
- 1 лажица кари
- 1 лажица сок од лимон или лимета
- Прстофат сол и бибер
- 1 лажичка исечкан магданос
- Мисиркина, пилешка или свинска шунка
Начин на подготовка:
Исечете ја краставицата по должина, на тенки ленти, со помош на нож за лупење. Грчкиот јогурт измешајте го со кари и сок од лимон, сол и бибер. Премачкајте ги лентите краставица, посипете ги со магданос, додајте ја шунката исечкана по ширина и замотајте.
Топол пица сендвич со тиквичка
Потребни состојки:
- 2 поголеми зелени тиквички, исечкани на кругови со дебелина од еден сантиметар
- Прстофат сол и бибер
- 100 милилитри сос од домати за пица
- 60 грама моцарела
- Лути пиперки, исечкани по желба
- Прстофат сушено оригано
Начин на подготовка:
Тиквичките исечкани на кругови ставете ги во тава за печење, која претходно сте ја обложиле со хартија за печење. Ставете им сол и бибер, а потоа состојките наредете ги на истиот начин како кога правите обична пица. Според ваша сопствена желба додајте и други состојки. Ставете ги во рерна која е загреана на 200 степени.
Сендвичи во форма на ролни со зеленчук
Потребни состојки:
- 60 грама индиски оревчиња, преку ноќ потопени со вода
- 3 до 4 зелени тиквички (секоја од нив дава од 6 до 8 тенки ленти)
- 3 моркови исечени на тенки стапчиња
- 4 црвени роквици со средна големина
- 1 авокадо, излупено и исечкано
- Прстофат свеж магданос
Начин на подготовка:
Индиското оревче кое преку ноќ е потопено во обична вода исцедете го и ставете го во процесор за храна за да добиете смеса слична на путер. Измијте ги тиквичките и со нож за лупење по должина исечете ги на тенки ленти така што ќе можете да ги виткате.
Сендвичи со краставица и прелив од авокадо и каперси
Потребни состојки:
- 1 голема краставица
- 3 зрели авокада
- 30 грама капари
- 1/2 лажица сол
- Прстофат свежо мелен бибер
- 2 лажици свежо исцеден сок од лимон
- Прстофат исечкан магданос
- 10 грама свежо исечкан копар
Начин на подготовка:
Излупете ја краставицата и исечете ја по должина на тенки ленти со помош на нож за лупење. Во сад направете пире од авокадо, додајте каперси, сол, бибер, сок од лимон, магданос, копар и сето тоа добро измешајте го. Распоредете го преливот по лентите од краставица и завиткајте. Другата можност е да направите канапе на тој начин што ќе ги исечете краставиците со еден сантиметар дебелина, а потоа ќе ги намачкате со преливот.
Сендвич со димен лосос и краставици
Потребни состојки:
- 2 големи краставици, излупени и исечкани на кругови со дебелина од еден сантиметар
- 500 грама димен лосос, исечкан со големина на еден залак
- 220 грама крем сирење, омекнато
- 1 лажичка рен (може повеќе или помалку според вкус)
- Прстофат свеж копар
Начин на подготовка:
Излупете ги и исечете ги краставиците и ставете ги на послужавник. Во сад измешајте го сирењето, ренот и измешајте ги со миксер. Ставете по една лажичка на секое парче краставица, врз него ставете по едно парче димен лосос, а на врвот малку копар. Сето ова можете да го прицврстите со чепкалка за заби. По желба можете да го разладите во фрижидер.
Би замолил, кога преведувате од англиски: „грчки јогурт“ е кисела павлака. „Каперси“ е македонизирана верзија од италијански збор „капери“ кажан со англиска множина -с. Ако тоа не ви е познато, немојте ни да преведувате написи за готвење.
Благодариме за забелешките.