Испробајте: 3 Кама Сутра пози за силните љубовници

Испробајте: 3 Кама Сутра пози за силните љубовници

Сакате да совладате некои древни страсти кои вам и вашиот партнер ќе ви загарантираат незаборавно уживање? Испробајте ги овие 3 секс-пози кои ќе ве доведат до врвно задоволство, но истовремено се и добар тренинг за рацете и мускулите на задникот.

isprobajte-3-kama-sutra-pozi-za-silnite-ljubovnici-kafepauza.mk

Кама Сутра е древен текст од индиската книжевност кој содржи совети за различни сексуални активности и во превод значи „уметност на водење љубов“.

Сирена

Потребен ви е кревет. Жената лежи со лицето свртена кон креветот, но горниот дел од телото ѝ виси преку работ на креветот, а тежината е префрлена на подлактите. Машкото лежи врз партнерката во истата положба, но потпрен на дланките со испружени раце. Подигнувањето и спуштањето на горниот дел од телото во склек позиција го диктира темпото. Оваа положба е добра вежба за бицепсите и трицепсите.

Мост

Потребна ви е висока површина како стол или висок кревет. Женското лежи на стомак, така што само горниот дел од телото (до струкот) ѝ е на креветот. Машкото ѝ приоѓа одзади и ѝ ги раздвојува нозете. Во полуклекната положба, машкото го диктира темпото и динамиката. Оваа позиција е одлична за зајакнување на задникот и бедрата.

Водопад

Ви треба када и топла купка. Машкото седи во кадата со испружени нозе. Партнерката седи врз него свртена со грбот, со свиткани колена. Машкото со рацете ја опфаќа партнерката околу струкот и на тој начин го диктира темпото, а таа го следи подигнувајќи се и спуштајќи се повторно во клекната положба. Оваа поза е добра вежба за женскиот задник и за машките бицепси.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар