Испратете го летото со овие одлични рецепти за освежителни коктели
Сите сакаме храна што е добра за нашето здравје и благосостојба, особено кога можеме да ја комбинираме со дополнителни хранливи материи и тоа да биде вкусно. Токму таква можност ни се нуди преку подготвувањето здрави, лековити коктели со неверојатен вкус. За да го испратиме летото, во прилог ви прикажуваме неколку рецепти коишто ќе ви помогнат да направите одлични коктели во домашна атмосфера.
1. Лубеница, краставица и комбуха
Овој коктел можете да го направите алкохолен или безалкохолен.
Потребни состојки:
- 150 грама лубеница, исечкана на коцки
- 1 мала излупена краставица, исечкана на коцки
- 470 милилитри комбуха
- 2 лажици сок од лимон
- 120 милилитри газирана вода (не е задолжително)
- 1/2 лажица бела текила (по желба)
- Листови од нане за декорација
Начин на подготовка:
Ставете ги коцките лубеница и краставица во сад или тегла. Истурете ја комбухата и покријте со фолија. Вака чувајте ги во фрижидер најмалку еден час или пак, во текот на ноќта. Исцедете ја комбухата преку сито. Потоа, ставете ги парчињата лубеница и краставица во блендер. Сега исцедете ја добиената смеса преку истото сито и додајте ја во комбухата. По вкус додајте газирана вода и текила. Поделете го пијалакот во чаши и декорирајте со нане.
2. Коктел со џин и овошен сок
Станува збор за лесен и едноставен рецепт. Изберете ги вашите омилени вкусови и измешајте ги.
Потребни состојки:
- Џин
- Ладно цеден сок по ваш вкус
- Лед
- Декорација по ваша желба
Начин на подготовка:
Турете малку џин над ледот. Додадете од овошниот сок што го избравте, малку декорација и уживајте во вкусовите! Сите состојки се адаптираат во ваш вкус.
3. Мохито од капина и босилек
Летно овошје во комбинација со босилек води кон сосема нова верзија на коктелот Мохито. Антиоксидансите никогаш не изгледале поинтересно.
Потребни состојки:
- 12 грама шеќерна трска
- Половина лимон
- 3 зрели капини, плус дополнително за декорација
- 6-7 лисја од босилек
- 50 милилитри бел рум
- 140 грама кршен мраз
- 60 милилитри минерална вода
Начин на подготовка:
Додајте ги лимонот, капините и шеќерот во чаша за коктел и нежно промешајте 7-8 пати. Додајте босилек и повторно мешајте 4-5 пати. Потоа сипете го и белиот рум и повторно промешајте. На крај додајте го искршениот мраз и минералната вода, промешајте, па декорирајте со босилек по ваша желба.