Исповед на една мајка: 5-те зборови што ме спасија во првите денови од мајчинството

Исповед на една мајка: 5-те зборови што ме спасија во првите денови од мајчинството

Кога жената станува мајка, целиот нејзин свет се менува и веќе ништо не е исто. Без разлика на годините на мајката или на детето, мајчинството е многу тешко, а тоа многу добро го знае и Венди Вајзнер. Сепак, благодарение на зборовите на нејзината пријателка, таа успеала да се справи дури и со најтешките моменти.

Неодамна бев со мојата пријателка, која исто така е мајка, и разговаравме за грижата за постарите деца (што е исто толку тешко како и грижата за малите деца, но на поинаков начин). Разговаравме за тоа колку е тешко да се добие добар совет во таа фаза од родителството и колку е лесно да бидете несигурни за тоа дали носите добри одлуки или не.

„Се сеќаваш ли што си велевме една на друга кога нашите деца беа бебиња?“, ме праша таа.

Да, се сеќавав. Всушност, одма ми текна.

Нашите деца, сега имаат помеѓу 8 и 12 години, но кога беа бебиња, и кога не знаевме дали ги држиме премногу или премалку, и кога постојано добивавме совети што не ги баравме од роднините, па дури и од странци, секој ден ни изгледаше дека никогаш повторно нема да се почувствуваме како свои. Но, во тие моменти, си кажувавме 5 зборови што ни помагаа да преживееме:

„Го правиш тоа што треба.“

Овие зборови не нудеа никаков конкретен совет, како колку често треба да се дои, кога се бебињата спремни за тврда храна или дали тие почнале да спијат во текот на целата ноќ. Тие немаа никаква врска со тоа што треба или не треба да го правиме.

Токму таа едноставна потврда, дека сме на правилниот пат, ни беше тоа што требаше да го чуеме. Зошто? Бидејќи ние сме родители и најдобро ги познаваме нашите бебиња, па затоа и самите треба да одлучуваме за грижата на најмалите – ние и никој друг. Токму тоа признание е нешто што секој родител треба да го слушне за да го поттикне да го следи сопствениот родителски инстинкт.

Колку често им се кажува на новите родители да им веруваат на своите инстинкти, како и дека тие се експерти за своите деца? Ни приближно доволно, иако тоа е чиста вистина. Точно, секогаш има простор за совети, особено од експертите за здравје и безбедност. Но, кога станува збор за грижа и воспитување на своите најмали, родителите веќе ги имаат сите информации во себе.

Кога станува збор за родителството, тоа е исклучиво ваша работа и не дозволувајте никому да ви кажува поинаку.

Прочитајте ја и оваа исповед на мајка: Не правете да се чувствувам лошо затоа што одлучив да имам едно дете!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар