Искуството пред сè: Корисни бабини животни лекции

Искуството пред сè: Корисни бабини животни лекции

Бабите можеби не можат да држат чекор со овие модерни времиња. Тие не ја разбираат толку многу модерната технологија, новите трендови, стиловите и брзината со која се менува сè околу нас. Меѓутоа, имаат една непроценлива особина – животното искуство, со кое ретко што друго може да се измери.

1-iskustvoto-pred-se-korisni-babini-zhivotni-lekcii-www.kafepauza.mk_

Тие се мудри, проценливи, сочувствителни и знаат што е важно во животот, бидејќи не израснале со паметни телефони, Фејсбук и точно знаат да кажат што им се допаѓа без да го потврдат тоа со кликање лајк. Авторот на блогот „marcandangel“ напишал прекрасен текст за работите кои го научила неговата баба, сакајќи да ги ни ги пренесе сите оние мали и големи мудрости што таа му ги пренела нему.

„Кога мојата баба Зелда почина во својата 90-та година, ми остави кутија со работи за кои знаеше дека ги засакав со текот на годините. Меѓу нив се наоѓаше и мал дневник замотан во кожа, што таа го нарекла ‘Дневник на инспирации’.

Низ втората половина од својот живот, таа во него ги запишувала соите идеи, мисли, цитати, стихови од песни, и сето она што ја инспирирало. Додека растев, таа ми читаше делови од тој дневник, а јас слушав и поставував прашања. И најискрено верувам дека за дел од она што сум денес се заслужни и тие бабини мудрости кои ги слушав во својата младост.“

1. Вдишете ја иднината, издишете го минатото

Без разлика на тоа каде сте или низ што поминувате во животот, секогаш верувајте дека постои светло на крајот од тунелот. Никогаш не очекувајте, не претпоставувајте, ниту пак барајте. Секогаш давајте го најдоброто од себе, контролирајте го она што можете да го контролирате и препуштете се, бидејќи откако сте направиле сè што сте можеле, ако е нешто судено, ќе се случи. Или ќе ви го покаже следниот чекор кој треба да го направите.

2. Животот МОЖЕ да биде едноставен

Во животот треба да се фокусирате на една работа во даден момент. Не мора да правите сè одеднаш и не мора сè да биде завршено веднаш. Вдишете, бидете присутни и секогаш давајте сè од себе за она што ве чека. За сè што ќе вложите во животот, тоа со тек на време ќе ви врати дупло.

3. Нека останатите ве прифатат такви какви што сте или воопшто нека не ве прифатат

Зборувајте ја вистината дури и кога гласот ви трепери. Ако останете верни на самите себеси, вие всушност му давате нешто преубаво на светот, нешто што претходно не постоело. Па затоа, газете по тој ваш пат со подигната глава и не очекувајте никој друг да разбере, особено ако и самите не биле таму.

4. Не сте повеќе она што сте биле некогаш и тоа е во ред

Сте биле повредени, сте минувале низ многу подеми и падови кои од вас ја создале личноста која што сте денес. Со текот на годините се случиле многу работи, работи кои го промениле вашиот поглед кон светот, сте научиле многу лекции, односно тие случувања ве поттикнале да се развивате. И како поминува времето, никој не останува ист, но луѓето и понатаму ќе ви зборуваат дека сте се промениле. Одговорете им вака: Секако дека се променив, во тоа е суштината на животот. Но, и понатаму сум онаа иста личност, само малку посилна од претходно.

2-iskustvoto-pred-se-korisni-babini-zhivotni-lekcii-www.kafepauza.mk_

5. Што било да се случи, води кон нешто позитивно

Сè што ќе се случи ќе ви помогне да се развиете, иако тоа моментално не го сфаќате. Околностите ќе ве насочуваат, исправуваат и зајакнуваат со тек на време. Без разлика колку е тешко, не губете ја надежта. И најтенкиот конец може да се свитка во најцврсто јаже. Работите секогаш се менуваат со текот на времето.

6. Учете да бидете среќни

Немојте да се учите да бидете богати, туку учете како да бидете среќни. Па така, кога ќе остарите ќе ги знаете вистинските вредности на работите, а не нивната цена. На крајот ќе сфатите дека најдобрите денови се оние во кои не ви е потребно ништо за да се насмеете. Едноставно ќе уживате во моментите и ќе бидете благодарни – ништо повеќе, ништо помалку. Во тоа се наоѓа вистинската среќа.

7. Бидете одлучни во својот позитивизам

Мора да сфатите дека поголемиот дел од вашиот јад или тага не ги одредуваат околностите, туку вашиот став. Па така, на оние кои се обидуваат да ве обесхрабрат или да ве повредат, вратете им со насмевка. Покажете им дека не можат ништо да ви земат и покажете им што им недостига во нивниот живот.

8. Бидете внимателни со оние за кои се грижите

Понекогаш, кога вашата сакана личност ќе ви каже: „Добро сум“, на неа всушност ѝ е потребно да ја погледнете во очи, да ја гушнете и да ѝ кажете: „Знам дека не си“. И немојте да се вознемирувате ако имате чувство дека таа личност се досетува на вас само кога ѝ е потребно нешто. Почувствувајте се привилегирано што во тој момент вие сте зракот кој доаѓа во нејзините мисли кога поминува низ темнина во својот живот.

3-iskustvoto-pred-se-korisni-babini-zhivotni-lekcii-www.kafepauza.mk_

9. Понекогаш мора да ѝ дозволите на некоја личност да замине, за таа да се развие

Бидејќи во текот на нејзиното израснување, не е важно што сте направиле за неа, туку е важно што сте ја научиле да прави сама за себе за да стане успешна.

10. Личностите кои ве ограничуваат

За да го постигнете она што го сакате, понекогаш мора да се ослободите од личностите кои ве ограничуваат. Тоа ќе ви овозможи поголем простор за оние кои ве подржуваат во вашето настојување да станете подобра личност. Тоа се случува постепено додека растете. Со тек на време сфаќате кои сте и што сакате, и тогаш ќе сфатите дека личностите кои отсекогаш сте ги познавале немаат еднакви погледи кон светот. Задржете ги убавите спомени и тргнете понатаму.

11. Свртете се назад

Подобро е да се свртите назад и да кажете: „Не можам да поверувам дека го направив тоа“, отколку да кажете: „Ех, да не го направев тоа“. Не го живејте вашиот живот за да ги импресионирате останатите, туку живејте го вашиот живот за да се импресионирате себеси. Сакајте се доволно силно за да не ги спуштате вашите стандарди поради кој било друг.

12. Среќен крај

Ако барате среќен крај, а не можете да го пронајдете, можеби е време да започнете да барате нов почеток. Помирете се со тоа дека одвреме-навреме ќе се сопнувате. На тој начин учите. Најсилните луѓе, оние кои најгласно и најискрено се смеат – тоа се личности кои ги воделе најжестоките битки. Се смеат, бидејќи се одлучни дека ништо нема да ги спречи и се движат кон новиот почеток.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Комуникативна, весела, оптимистички настроена. Обожава книги, музика, филм и приказни кои инспирираат. Сака да пие кафе, па макар и сама. Верува во себе и во своите можности, бидејќи кој не се обидел - не успеал!

Поврзани содржини

Остави коментар