Искрено писмо од една девојка која објаснува што се случува во врските откако пеперутките ќе одлетаат

Искрено писмо од една девојка која објаснува што се случува во врските откако пеперутките ќе одлетаат

Пеперутките во стомакот се сметаат за класичен симптом на заљубеност. Меѓутоа, во долгите врски, пеперутките што сте ги чувствувале кога прв пат сте го запознале партнерот почнуваат да се менуваат. Оваа девојка која е во врска со дечко ѝ веќе 5 години објаснува како љубовта се менува и расте со текот на времето. Во продолжение, прочитајте го нејзиното прекрасно љубовно писмо во коешто сигурно ќе се пронајдете доколку сте подолго време со партнерот…

Искрено писмо од една девојка која објаснува што се случува во врските откако пеперутките ќе одлетаат

Во врска сум веќе 5 години. Сум прочитала многу текстови во кои луѓето пишуваат како треба постојано да чувствувате пеперутки во стомакот додека сте во врска, како срцето треба да ви чука посилно секогаш кога ќе ги видите саканите, како треба да се гушкате секоја вечер со испреплетени нозе, како треба да бидете толку среќни што секоја вечер ќе спиете заедно во брачен кревет.

Но, тоа не е вистина. Барем не за мене. Пеперутките ќе одлетаат кога ќе почнете да живеете заедно. Срцето нема да ви чука посилно секогаш кога ќе ги видите, туку напротив, сѐ ќе се смири. Кога ќе бидете заедно со нив, ќе се чувствувате смирени и сигурни. Кога ќе се гушкате, вашето срце ќе чука забавено и звукот на нивното дишење ќе ве води кон удобната зона. Нема да се чувствувате како да сте на ролеркостер, туку како да сте дома.

Нема да спиете секоја вечер припиени еден до друг со испреплетени нозе така што нема да се знае каде започнува вашата нога, а каде завршува нивната. Наместо тоа, ќе спиете во удобна позиција, еден до друг, понекогаш свртени во различна насока. Но, секоја вечер ќе се поместувате во креветот додека не се судрите со нив. Ќе се погалите со нивната рака или ќе им ја милувате косата додека не заспијат повторно. Има ноќи кога дечко ми во спиење ќе посегне по мене и ќе ме повлече до него, како дете што го бара неговото кадифено мече, како да му давам удобност.

Во раните утрински часови, пред зори, кога сиот свет е син и гледате низ подотворени очи, се припивате во нивните гради и го вдишувате нивниот мирис пред да продолжите со спиење.

Бакнежите не се секогаш романтични и страсни. Но, сега имаат многу подлабоко значење. Има ладни бакнежи кога јадете сладолед во лето и лепливи бакнежи за време на утринските палачинки. Има „си одам сега“ бакнежи и „уште еден бакнеж пред да одиш“ бакнежи. Има поспани утрински бакнежи пред работа кога не се сеќавате дали сте го чуле алармот, туку нивните усни се она што ве буди наутро и ве принудува да го започнете денот.

Има бакнежи пред спиење и бакнежи кои потврдуваат колку сте слатки кога правите нешто. Има бакнежи поради тоа што се грижите за животните и бакнежи кои велат „Драго ми е што сум со тебе, а не со некој/а друг/а“. Има брзи бакнежи низ рафтовите во супермаркетот кога е премногу гласно и гравитирате еден кон друг, кога наместо да имате посебни лични простори, вие имате заеднички личен простор и се приближувате еден до друг за да зафаќате што е можно помалку место.

Не си праќате постојано пораки со изјави на љубов и грижа како порано, бидејќи сето тоа сега е докажано и дадено и сте преминале на урнебесни приватни шеги за животот што сте го изградиле заедно. Споделувате погледи на нервоза и заинтересираност во јавност. Тоа е вашиот личен мал внатрешен свет наспроти надворешниот.

Врските не се секогаш како во бајка. Не се исполнети со искри и огномети откако ќе помине почетната фаза. Наместо тоа, тие се како тивок ритам и мрмор на љубов и грижа. Не станува збор за оган во вашата душа, туку за оган во вашето огниште што ве топли и ви дава чувство на удобност, пружајќи ви утеха додека полека заспивате.

И токму тоа го обожувам!

Во продолжение, прочитајте ви следниве 13 работи кои само оние што се во долга врска ги разбираат.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар