Искрено писмо до сите девојки кои секогаш завршуваат како втора опција

Искрено писмо до сите девојки кои секогаш завршуваат како втора опција

Темно е. Ѕвездите ве ѕиркаат низ прозорецот и чекаат да ги забележите, но вам не ви е гајле. Се обидувате да ги одбегнете. Сакате сите да ги одбегнете, бидејќи тонете во солзи и не можете да заспиете. Се надевате дека ноќта ќе помине брзо и дека вашите стравови и болки ќе се повлечат. Ќе бидете зафатени во текот на денот и ќе заборавите на нив. Не знаете дали месечината сѐ уште плови на небото или не.

Искрено писмо до сите девојки кои секогаш завршуваат како втора опција

Не сакате да знаете колку вашиот сакан ужива во поминатото време со неговата девојка која секогаш се однесува лошо со вас. И покрај тоа, вие не му кажувате ништо бидејќи ја сака и се надевате дека еден ден и тој ќе може да ја разбере вашата љубов. Си зборувате сами со себе. Во ред е ако не ве разбере. Ќе продолжите понатаму. Секогаш сте го правеле тоа. Навикнати сте на лажните насмевки. Но, уште колку бессони ноќи планирате да поминете?

Ве повредиле луѓето кои сте ги сметале за пријатели. Ве повредиле оние коишто тврделе дека ве љубат, но ве напуштиле откако ги задоволиле своите потреби. Ве повредуваат работи што не можете да ги промените.

Се сеќавате на деновите и ноќите кога сте ја тешеле пријателката од средно и сте го лечеле нејзиното скршено срце? Сте ги слушале сите нејзини поплаки и сте ѝ понудиле рамо за плачење, но каде била таа кога вам ве повредиле? Останала глува за вашата потреба од пријателска утеха и прегратка.

И таа не е единствената што ви го сторила тоа! Таа е само еден од многуте случаи во вашиот живот каде што луѓето ве сметале за втора опција. Дали некогаш сте се запрашале зошто е тоа така? Немојте да им верувате на причините што тие ви ги дале. Тоа се само безначајни изговори изговорени од страна на луѓето кои ги повредуваат останатите, кои ја искористуваат туѓата добрина и наивност за да ги исполнат своите потреби и потоа безмилосно ги отфрлаат како партали.

Вистинската причина е тоа што сте премногу добри за овој суров свет. Не знаете да кажете „Не“. Се плашите дека ќе повредите некого ако одбиете. Не сакате другите да прават компромиси. Наместо тоа ја жртвувате сопствената среќа и удобност, само за да помогнете. Вие сте многу добродушни и луѓето го злоупотребуваат тоа. И самите знаете дека самите си нанесувате штета. Длабоко во себе знаете дека не сте среќни и дека мора да продолжите понатаму.

Искрено писмо до сите девојки кои секогаш завршуваат како втора опција

Знаете дека мразите да им помагате на луѓето кои ви наштетиле и кои се обиделе да ве уништат. Но, сепак вие им помагате бидејќи не мислите на себе. Нивната омраза ја одзела вашата самодоверба и самопочит.

Погледнете се во огледало! Ја гледате девојката што стои пред вас? Таа е прекрасна и талентирана, но дали знаете дека и таа е тажна? Дали знаете дека и нејзе ѝ треба грижа? Да, тоа сте вие и треба да се сакате себеси исто како што ги сакате и другите, без оглед на сѐ.

Престанете да се третирате себеси како втора опција! Престанете да се потценувате! Сакајте се затоа што сте прекрасни. Сакајте се затоа што сте талентирани. Не си нанесувајте болка, само затоа што другите го прават тоа. Не се повредувајте само затоа што другите ве повредуваат. Борете се за себе и изградете ја вашата самодоверба. Борете се за вашите права, бидејќи никој друг нема да го стори тоа за вас. Сите треба да знаат дека сте силни, дека имате достоинство и дека не можат да ве газат.

Не им прогледувајте низ прсти на луѓето кои ви предизвикале страдања и болка. Грижете се за себе. Гласно кажувајте го вашето мислење. Кажете „Не“. Одлепете ја етикетата која ве означува како „втора опција“. Не смеете да бидете ничија втора опција. Мора да бидете првата и единствена опција. Во спротивно, заминете без двоумење и не вртете се назад. Вистинските луѓе ве очекуваат некаде на вашето животно патешествие. Сакајте се себеси и светот ќе научи да ви ја возврати љубовта.

Прочитајте и зошто треба да престанете да го чекате оној кој ви го скршил срцето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Писателот во нејзината глава вели: Дај ми англиска книжевност. Дај ми урбан апсурд и егзистенцијализам. Дај ми мистерии за човечката психа. Дај ми театар и џез како терапија.

Поврзани содржини

Остави коментар