Искрени исповеди од мажи и жени кои живеат во брак без секс
Постојат многу парови кои тивко страдаат во брак без секс. Всушност, овој проблем е толку чест што дури е и најмногу пребаруваната поплака на Гугл. Според научникот Сет Стивенс-Давидовиц, пребарувањата како „брак без секс“ се 3 и половина пати почести од „несреќен брак“ и 8 пати почести од „брак без љубов“. Во продолжение прочитајте за 12-те сопрузи и сопруги кои живеат во брак без секс и кои отворено (и анонимно) зборуваат за своите најдлабоки мисли на Whisper, апликација наменета токму за таа цел.
„Со месеци не сум имал секс со мојата сопруга. Таа вели дека тоа е поради фактот што е под стрес, затоа што јас сум бил под стрес. Но, јас сум под стрес затоа што долго време сме немале секс. Тоа е бескраен круг.“
„Јас сум во брак без секс. Го мразам тоа и тој знае. Но, не прави ништо за нештата да се променат.“
„Сакам да го напуштам мојот брак без секс, но се плашам како тоа ќе влијае врз моите деца, па затоа и најверојатно ќе решам да останам.“
„Да се биде во брак без секс е ужасно. Ова не е тоа што го очекував, но никогаш не би можел да ја напуштам.“
„Мојот сопруг не сака да има секс со мене и одбива да се справи со проблемот. Тоа многу ме фрустрира.“
„Се обидувам најмногу што можам да не направам таа да се чувствува виновно за нашиот брак без секс, но од внатре сè што сакам е само да врискам.“
„Скоро секоја вечер мастурбирам додека се туширам, бидејќи мојот сопруг не сака да има секс со мене.“
„Мојот сопруг не сака да има секс со мене. И кога ќе прашам зошто, тој вели дека многу прашувам и дека едноставно е под стрес. Неговото одбивање навистина почнува да боли.“
„Мојата сопруга не сака да има секс со мене и јас решив да не се грижам за тоа, но станува навистина тешко.“
„Не знам како да продолжам во брак без секс.“
„Заглавена сум во брак без секс. Го сакам мојот сопруг, но и јас имам потреби!“
„Не можам да поверувам дека ова му се случи на мојот брак. Не ми се верува дека сум во брак без секс на 33 години. Тој веќе не се ни труди. Сега разбирам зошто некои луѓе изневеруваат. Сите ние имаме потреба од интимност.“