Искрен маж открива: Има нешто што на мажите им е поважно од сексот

Искрен маж открива: Има нешто што на мажите им е поважно од сексот

Колку пати сте слушнале дека мажите сакаат само секс? Еден маж решил да сподели неколку вистини во врска со ова. Според него, сексот може да биде прекрасен на која било возраст, но постои нешто поважно од него, нешто што мажите тешко го признаваат, а жените тешко го овозможуваат.

Искрен маж открива: Има нешто што на мажите им е поважно од сексот

Желбата за секс е дефиниција на самиот маж. Но, што всушност сакаат мажите повеќе од сексот? Сите знаеме дека жените мора да се чувствуваат сакано за да се впуштат во секс, но на мажите како да им треба секс за да се чувствуваат сакано. Што точно добиваат мажите од самиот секс?

Секако, физичкото задоволство е неминовно, но постои подлабока потреба која сакаат да ја задоволат. Потребата за мирно пристаниште. Машкиот свет е многу натпреварувачки настроен и во сè гледаат конкуренција. Наједноставно кажано, мажите меѓусебно се натпреваруваат за освојување на жените. Тие преземаат акции, а жените одлучуваат што им е поприфатливо. Секако, во денешно време улогите не се толку строги како што биле во минатото, но во суштина, и понатаму мажите сакаат да се прикажат себеси како доволно добар избор за жените кои ги сакаат.

Кога мажите добиваат пристап до женското тело, тоа им дава чувство на мир кое го надминува обичното сексуално задоволство. Слично е и во хомосексуалниот свет. Во минатото, како млади, ако сакале да ја имаат девојката в раце, мажите требале пред сите да ја поканат да танцуваат заедно. Ако прифатела, тие имале неизмерна радост, но ако ги одбиела, тоа било пекол за нив.

Суштината е во тоа дека треба да бидете ранливи и отворени за можни одбивања од девојките. Во зрелоста, тие веќе стануваат изморени од тој свет на конкуренција и одбивања, па затоа, често тежнеат кон мир. Тогаш тие бараат жена пред која не мора да ја прикриваат својата личност, ниту пак да се преправаат дека се нешто што не се. Тие копнеат за жена која ќе ги гледа онакви какви што се, која ќе може да го допира не само нивното тело, туку и нивното срце и душа.

Репутацијата дека мажите секогаш сакаат секс е дел од нивното прикажување кое треба да даде до знаење дека тие се доволно мажествени. Но, вистината е дека тие сакаат мирно пристаниште каде што ќе може да се одморат и каде што некој ќе се грижи за нив. Со други зборови, тие сакаат да чувствуваат дека до себе имаат некој кој внимава на нив и ги чува, затоа што можеби на многумина им недостасувало тоа во нивното детство. Но, ако го признаат тоа, тогаш тие не би биле доживувани како силни мажи, туку како деца. Мажите се суштества со желби, кои сакаат да се одморат покрај женското тело и да бидат онакви какви што се. Тоа е скриена желба која стои зад популарното мислење дека „мажите сакаат само секс“.

Искрен маж открива: Има нешто што на мажите им е поважно од сексот

Мажите обожаваат кога ќе ја стават својата глава во скутот на нивната партнерка, затоа што таму наоѓаат мир, а за тоа чувство, не им е потребен секс. Во тие моменти тие се чувствуваат целосно прифатени и не мора никому да се докажуваат. Баш како што на мажите им е тешко да го изговорат тоа, многу често и на жените им е тешко да го понудат тој аспект на интимност. За тоа се смета дека постојат три основни причини.

Најпрво, жените имаат своја дефиниција за мажественоста. Ако тој не сака секс, тие често се грижат дека проблемот е во нив и дека не се доволно привлечни. Второ, кога мажот сака жената да го прегрне или да го негува, таа често мисли дека има работа со момче, а не со маж. Трето, жените се плашат дека мажите нема да им возвратат на чувствата. Тие знаат дека повеќето мажи се насилници и често имале искуства со мажи кои ја покажувале својата ранливост и нежност, но веднаш ја уништувале со изливи на бес. Потребно е повеќе време и мудрост за мажите да признаат дека навистина им треба место каде што ќе се чувствуваат мирно, сигурно и прифатено од страна на жените.

Потребно е многу храброст за да им се признае на жените дека сакаат секс, но повеќе го сакаат чувството на сигурност, љубов и нежност. Потребна е одредена доза мудрост за да сфатат дека ранливоста е нешто најмажествено што мажот може да ѝ го пружи на жената. Жените исто така треба да ја надминат својата дефиниција за мажите и да се отворат за оние кои се ранливи на поинаков начин.

Жената која умее да даде мир, е онаа која се сака и верува во самата себе. Таа мора да има и сила да се заштити тогаш кога неговата ранливост ќе прерасне во анксиозност, лутина или депресија. Ниту на мажите, ниту на жените не им е лесно да ризикуваат на овој начин, но наградата е длабока љубов и интимност што во секој поглед вреди за трудот.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар