Искористете ја чипката во дневните комбинации
Иако до неодамна чипката беше резервирана само за посебните романтични прилики, како дел од венчаниците или скриена на долната облека, денес таа не се наоѓа само по рабовите на облеката, туку од нејзе се целосно сочинети секакви парчиња како фустани, здолништа и блузи.
Па, повеќе не морате да ја користите само за посебни прилики, туку можете да ја комбинирате на различни начини. На пример, направете контраст и комбинирајте ја облеката од чипка со кожна јакна или некои други „груби“ парчиња. Без разлика дали целата ваша комбинација од глава до пети ќе биде во облека од чипка, или пак само срамежливо ќе оставите да се гледа под останатата облека, со овој материјал сигурно нема да погрешите оваа сезона!