Исчистете го вашето тело од токсините и шеќерите за само 10 дена!
Зошто луѓето не можат да се откажат од употребата на шеќерот, иако знаат дека тоа е лошо за нивното здравје? Повеќето од нив не можат да го направат тоа, бидејќи шеќерот предизвикува зависност, како што истражувањата покажуваат, подеднакво како зависноста од кокаин. Меѓутоа, доколку навистина сакате да го ослободите организмот од дејството на шеќерот, можете да го сторите тоа за само 10 дена, но потребно е темелно да се почитуваат неколку правила.
1. Одлучете се за детоксикација
Најнапред, поставете си себеси неколку прашања, како на пример: Дали сум зависник од шеќер? Дали се чувствувам добро кога јадам шеќер? Дали копнеам по шеќер и јаглехидрати? Овие прашања ќе ви помогнат да го утврдите вашето ниво на зависност и добро ќе ве подготват за борба за ослободување од шеќерот.
2. Избегнувајте ги сите напивки кои содржат калории
Калориите од течностите се полоши од калориите од цврстата храна, бидејќи побрзо се апсорбираат во телото и предизвикуваат пораст на шеќерот во крвта. Пијалаците полни со шеќери како што се газираните сокови и овошните сокови се поврзани со дебелеењето и дијабетесот тип 2.
3. Целосна апстиненција
Зависноста од шеќерите не е возможно да ја надминете со умерена консумација, потребна е целосна апстиненција. Консумацијата на мали количини шеќер ќе направат збрка во целиот процес на детоксикација. Согласно со ова, треба да се чувате од триковите кои ги користат некои произведувачи, бидејќи на своите декларации делумно избегнуваат да ги наведат адитивите кои ги користат.
4. Јадете повеќе протеини
Протеините ќе помогнат да се одржува нивото на шеќерот во крвта, а воедно и ќе ја намалат желбата за слатко. Потребно е да внесувате протеини преку производите кои во најголемо количество ги содржат и тоа во рамките на секој оброк.
5. Користете ги мастите во борбата против слатките
Како што покажуваат новите истражувања, мастите не предизвикуваат дебелеење. Под ова се подразбираат „здравите“ масти, како што се маслиновото и лененото масло, оревите, авокадото, рибата… Тие, исто како и протеините, ќе направат да се избалансира нивото на шеќер во крвта.
6. Јадете вистински јаглехидрати
Пожелно е слободно и во неограничени количини да јадете разни видови зеленчук, а да ги избегнувате сите скробни јаглехидрати, житарките и мешунките во рок од 10 дена.
7. Имајте план за „вонредните ситуации“
Кога некогаш ќе почувствувате огромен глад, поради зафатеноста во тој момент, можеби е невозможно да си обезбедите здрав оброк. Најдобар план во текот на десетдневната детоксикација е да носите здрава ужина со себе.
8. Избегнувајте глутен и млечни производи
Потребно е 10 дена да апстинирате од глутенот и производите кои го содржат, како и од сите производи кои се произведени со млеко. Овој вид храна може да предизвика воспаление и желба за внесување калории.
Недостатокот на сон доведува до хормонален дисбаланс и зголемен апетит, додека истовремено ја намалува и волјата. Потребно е секоја ноќ да си обезбедите 7 часа квалитетен, непрекинат сон.