Исчистете го домот со газирани пијалаци на 10 едноставни начини

Исчистете го домот со газирани пијалаци на 10 едноставни начини

Како што имаат штетно дејство врз вашиот организам, така газираните пијалаци можат да ѝ наштетат и на нечистотијата во вашиот дом. Еве како можете да ја употребите за чистење.

Исчистете го домот со газирани пијалаци на десет едноставни начини

1. Отстранете ги масните дамки од ткаенините. Ставете газиран пијалак на мрсната дамка и оставете да отстои така 5 минути пред да ја исперете со чиста вода.

2. Отстранете ја ’рѓата. Едноставно налејте газиран пијалак врз површината која сакате да ја исчистите, оставете да стои така неколку минути и избришете.

3. Отстранување на маснотиите од рерната. Доволно е да отстои 10 минути пред да ја избришете со чиста крпа.

4. Исчистете ги загорените садови. Ставете во нив газиран пијалак и по десет минути тие се спремни за миење.

5. Полирајте ги металните површини. Намокрете ја крпата со нешто газирано и со тоа можете да истриете сè што е метално по дома.

6. Отстранете ги гумите за џвакање од косата или од некоја ткаенина. Намокрете го местото со газиран сок и оставете да отстои 5 минути пред да се обидете да ја извадите гумата за џвакање.

7. Отстранете ги дамките од фломастер на тепихот. Намокрете ја дамката со газиран пијалак 5 минути пред да почнете со перење.

8. Исчистете ја ВЦ шолјата. Налејте газиран пијалак во ВЦ шолјата и оставете да отстои 10 минути пред да пуштите вода, исто како и кај секое друго средство.

9. Отстранете ги дамките од крв. Намокрете и оставете да отстои околу 5 минути пред да почнете со перење.

10. Ја отстранува нечистотијата од фугата. Фугата е она што се става помеѓу плочките, а ако сакате брзо и лесно да ја исчистите од нечистотијата, налејте малку газиран сон на неа околу пет минути пред да почнете со чистење.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Го интересираат општествените науки и сето она што ја истражува повеќедимензионалноста на светот и човековото однесување, но од тоа само правото му е професија. Вљубеник во филмот, фотографијата, читањето и сите спортови на овој свет. Пишувањето му е задоволство кое му овозможува да биде во контакт со нив секој ден.

Поврзани содржини

Остави коментар