Неверојатно лесно: Исчистете дамка од кафе со нешто што веќе го имате дома!
На љубителите на кафето често им се случува омилениот пијалак да им заврши на облеката, чаршавот на масата или на прекривката на мебелот.
Секако, прво што паѓа на памет во ваква ситуација е да се интервенира со детергент, сапун, топла вода, а сето тоа може да биде проследено со нервоза.
Но, без грижа! Постои едноставен трик со кој лесно ќе се реши проблемот. Потребно е само свежо млеко.
На ткаенината каде се наоѓа дамката ставете ладно млеко и оставете да отстои 30 минути. Потоа исплакнете го тој дел со ладна вода, па на крај исперете во машина на соодветна програма.
Ако е во прашање мебел, тогаш применете соодветно средство откако ќе отстои млекото.
Млекото треба да биде ладно, бидејќи топлото може да даде сосема спротивен резултат.
Се сеќавате на безбојното кафе кое не остава дамки на забите?