Интуитивна исхрана: Може ли да го јадеме само тоа што го бара нашето тело и да слабееме?

Интуитивна исхрана: Може ли да го јадеме само тоа што го бара нашето тело и да слабееме?

Во новата година, многумина од нас сакаат да го унапредат своето здравје и својот начин на исхрана. Еден од начините на кој може да се направи тоа е преку т.н. интуитивна исхрана.

Тоа е пристап кон исхраната што нè враќа на нашите корени, се обидува да ги идентификува специфичните потреби на нашето тело за одредена храна за да ги разбие „магичниот круг“ на диетите и на крајот да создаде поздрава врска меѓу нас и храната. Сите ние сме родени со интуиција за одредена храна.

Новороденчето плаче кога е гладно, детето од предучилишна возраст, исто така, гласно го изразува неговиот глад и потребата за одредена храна, но како што старееме, ја чувствуваме забраната и конфликтите од сите страни. Постојат и одредени трендови во исхраната, но реалноста е дека секое тело е прилагодено на различен тип храна и едноставно е невозможно еден режим на исхрана да им одговара на сите.

Интуитивна исхрана: Може ли да го јадеме само тоа што го бара нашето тело и да слабееме?

Како што старееме, сè повеќе се соочуваме со многу животни предизвици, а честопати заради тага, депресија или само заради досада, посегнуваме по храна без да чувствуваме вистински физички глад чија примарна функција е хранење за опстанок.

Интуитивната исхрана се обидува да го смени токму тоа, а според наградуваните автори кои го промовираа овој концепт пред пошироката јавност, тимот од нутриционист и терапевт специјализиран за нарушувања во исхраната и интуитивно хранење, Евелин Трибол и Елис Реш, постојат 10 правила што го сочинуваат овој концепт.

1. Заборавете на диетите

Ниту една диета без соодветна исхрана не може да биде одржлива на долг рок. Ако сте пробале десетици диети, тогаш вие сте запознати и со „јо-јо“ ефектот, односно враќање на тежината и додавање на нови килограми. Интуитивно јадење има тенденција целосно да ја разбие идејата за диети.

2. Идентификувајте го биолошкиот глад

Целата поента на овој концепт е да препознаете кога сте навистина гладни, односно кога ви треба храна за да преживеете и да ги одржите биолошки функции. Ова вклучува најмалку три оброци на ден кои треба да бидат богати со растителни влакна, здрави јаглехидрати, здрави масти и протеини. Јадењето кога сте само тажни, депресивни или чувствувате друга негативна емоција, треба да го тргнете настрана. Тоа не е вистински глад, туку емотивен глад.

3. Не поставувајте забрани

Се разбира, не е секогаш можно да се јаде само најздрава храна, но тоа не значи дека треба да се чувствувате лошо за тоа. Доколку коцката чоколадо, тестенините во крем сос или палачинката, се консумираат во умерени количини, нема да му наштетат на вашето здравје. Инаку, ако си забраните одредена храна, ќе биде полесно да се доведете во искушение и да јадете премногу во одреден момент и ако тоа се повтори, зголемувањето на телесната тежина е неизбежно.

4. Бидете нежни кон себеси

Меѓутоа, ако ви се случи во одреден момент да консумирате премногу нездрава храна, не бидете строги кон себе, не нарекувајте се себеси со навредливи имиња и не сметајте се себеси за неуспешни. Скоро секој може лесно да скршне од патот на здравата исхрана, но исто така, и да се врати на тој пат. Признајте дека не сте во право, но, исто така, разјаснете си себеси дека не сте лоша личност. Не казнувајте се со строги диети за да ги „оправдате“ неколкуте дена исполнети со лоша храна.

5. Почитувајте ја состојбата во која сте сити

Подеднакво е важно внимателно да го слушате вашето тело и да препознаете кога навистина сте заситени без да чувствувате тегоби во стомакот. Дали тоа значи дека мора да престанете на половина од јадењето, нека биде и така. Сфатете колку храна ви е потребна за да се чувствувате задоволни. Со текот на времето, ќе научите да подготвувате помали порции од вообичаеното.

Интуитивна исхрана: Може ли да го јадеме само тоа што го бара нашето тело и да слабееме?

6. Научете како да уживате во храната

Во јапонската култура на исхрана, не е важна само хранливата вредност и изгледот на храната што се послужува, туку и уживањето во процесот на јадење. За ова да биде можно, треба да јадеме храна во која навистина уживаме. Бидејќи таа станува почесто достапна за телото, ќе може побрзо да се препознаете кога да престанете со јадење и на крајот ќе јадете помалку од одредена храна. Не оптоварувајте се со храната.

Обидете се да имате каква било физичка активност и да препознавате како се чувствувате.

7. Препознајте ги емоциите без да посегнете по храна

Најголемиот проблем што предизвикува многумина да добијат прекумерна тежина не е директно поврзан со храната, туку со многу подлабоки проблеми. Освен во специфични здравствени случаи, како што се проблеми со тироидната жлезда, зголемувањето на телесната тежина доаѓа поради потиснатите емоции и тешките животни околности.

Тогаш ни се чини дека храната е наш најдобар пријател, единствената што не нè осудува и секогаш е тука за нас. И така започнува сè. Ова е причината зошто интуитивното хранење има тенденција целосно да ја прекине врската помеѓу јадењето и негативните емоции. На крајот на краиштата, храната нема да ги реши нашите проблеми или да ги замолчи нашите емоции. Само ќе нè задоволи за неколку минути, а потоа сè ќе биде по старо. Затоа е важно да се одделат емоциите и храната.

8. Почитувајте го вашето тело

Секој од нас е со различна фигура. Генетиката игра голема улога во ова и тоа мора да се има предвид кога станува збор за желбата да го промениме обликот на телото. Се разбира, правилната исхрана и вежбањето може значително да влијаат врз обликот на телото и тежината, но има ограничувања за кои треба да бидеме свесни. Некој кој е висок 180 см, нема да може да има здраво тело ако си го постави лимитот од 50 килограми како идеална тежина.

Признајте кога сте навистина гладни, а не кога сте гладни за емоции.

9. Вежбајте и набљудувајте како се чувствувате

Движењето е неопходно за човековото тело, но помислата на вежбање е вознемирувачка за многумина. Затоа изберете нешто што е најмалку проблематично и прави да се чувствувате пријатно. Почнете да пешачите или да вежбате пилатес редовно и набудувајте како се чувствувате кога ја правите оваа активност и како кога ја прескокнувате. Фокусирајте се на тоа како вашето тело се однесува во двете ситуации. Ако умот ви е насочен само кон губење на вишокот колограми, нема лесно да се откажете.

10. Почитувајте го вашето здравје

Чувајте го вашето здравје е најважниот принцип во сето ова. Слабеењето и задоволството кога стоиме пред огледалото ќе бидат пропратни ефекти, но за нив ќе биде потребно време. Протеинското чоколатце или бананата нема да ви го подобрат здравјето, туку секојдневните здрави избори и консумацијата на храна само кога сте навистина гладни.

Можеби сакате да ги прочитате и 12-те одлични совети како да ги намалите килограмите без да се откажете од вашата омилена храна.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар