Интервју со @zrncebakery: Место каде сите можат да пробаат вкусни лепчиња и печива

Интервју со @zrncebakery: Место каде сите можат да пробаат вкусни лепчиња и печива

Денес сакаме да ве запознаеме со Теа од виртуелната пекарница Зрнце, која ни раскажа повеќе за нејзината љубов кон лепчињата и печивата. Таа исто така сподели повеќе за лебот од кисело тесто и како дојде до идејата за виртуелна пекарница.

1. Која е Теа која стои зад оваа виртуелна пекарница? Дали можеш да се опишеш со 3 зборови?

Теа е скопска девојка. Жена. Мајка. Љубовник. Пасиониран и по малку опседнат foodie.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de @zrncebakery

2. Ти исто така беше дел од тимот на Кафе пауза. Дали можеш да споделиш кој беше твојот најомилен дел од работата?

Во Кафе пауза се приклучив уште од самиот почеток, на покана од Ирина (поздрав Ирина 😊). Почнавме многу ентузијастички и убаво, а сега Кафе пауза се разви во е едно многу убаво онлајн списание. Најомилен дел од целиот процес ми беше пишувањето на статии, нешто кое го правев со многу посветеност, љубов и енергија.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de ⋒ Tea Trpovska (@teatrpovska)

3. Дали можеш да нѐ запознаеш повеќе со твојата виртуелна пекарница? Како дојде до таа идеја?

Зрнце се спремаше (во мене) подолго време. Од почетокот кога сфатив дека sourdough is my call, знаев дека ќе се случи и Зрнце. Прво виртуелно, па еден убав ден и физички. Зрнце е виртуелна пекарница. Замислена пекарница, со вистински пекар, јас. Печам, тестирам рецепти, пакувам, набавувам – one man show. Минатата година, секоја сабота подарував sourdough лепчиња на Инстаграм, на познати и непознати луѓе. Тоа стана некако препознатлив саботен ритуал за сите и имаше многу, ама многу заинтересирани луѓе, па не можев да постигнам да испечам толку за да им подарам лепче на сите кои се пријавија. Затоа, некако логично беше да дојде Зрнце – место каде сите ќе можат да пробаат разни нешта од sourdough.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de @zrncebakery

4. Како се одлучи за името на виртуелната пекарница? Дали процесот на избор беше долг?

Зрнце е почеток. Нешто ново. Старт. Пролет. Возбудливо чувство. Зрнце е мирис на дом, ама и дом. Зрнце сум јас ама и сите ние сме зрнце. Надеж. Љубов. Прекрасен почеток.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de @zrncebakery

5. Дали отсекогаш си била љубител на печивата? Кога за прв пат го подготви твојот прв леб/печиво?

Отсекогаш! Сѐ од тесто едноставно обожавам. Да можам, би јадела по едно лепче секој ден. Буквално. Обожавам печива, кифлички, лепче, пити, бурек, банички…сѐ! Не се ни сеќавам што сум замесила и испекла прво. Ако може, повикај пријател (мајка и татко да се јават 😂).

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de @zrncebakery

6. Sourdough или леб од кисело тесто е голем тренд во последната година. Како се подготвува? Какво брашно се користи најчесто? Зошто на повеќето луѓе не им успева?

Лебот од кисело тесто или sourdough bread е леб кој се подготвувал многу одамна. Оние кои се сеќаваат, ова лепче секогаш ги потсеќа на лебот на баба им, најчесто печен под сач или на дрва. Порано, кога немало индустриски квасец, луѓето си правеле квасец самите – од брашно и вода. Толку. Со најобично брашно и вода секој може да направи стартер (домашен квасец, sourdough starter). Најважно е да се погоди местото каде ќе се стави да ферментира. Тоа е причината зошто на некои не им успева стартерот. Како и луѓето, така и стартерот бидејќи е жива материја, си сака идеална околина. Можеби од прва нема да успее, ама со истрајност (и време 😂) ќе успее.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de @zrncebakery

7. Дали доставуваш низ цела територија на Македонија и каков е начинот на пакување?

Достава низ Македонија нема од проста причина што лепчето препорачувам и сакам да се јаде денот кога е испечено. Компаниите за доставување не го доставуваат лебот и другите печива во истиот ден, туку следниот или ден потоа. Тоа никако не придонесува за искуството на лебот кое сакам да го доловам на оние кои го нарачуваат. Пакувањето е минималистичко и едноставно. Лебот е ѕвездата.

 

Ver esta publicación en Instagram

 

Una publicación compartida de @zrncebakery


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Ужива кога патува и запознава различни култури, ги сака утринските прошетки во природа, многу чоколадо и кафе.

Поврзани содржини

Остави коментар