Интересни работи кои се случуваат кога се гледате со некој што не е ваш тип

Интересни работи кои се случуваат кога се гледате со некој што не е ваш тип

Кога станува збор за состанувањето, луѓето обично преферираат одреден тип луѓе кој им е привлечен. Можеби сакате да поминувате време со уметници или со луѓе кои сакаат авантури. И сето тоа е супер, но според експертите, може да се случат многу интересни работи доколку излезете од вашата комфорна зона и почнете да се гледате со некој кој не е ваш тип.

Интересни работи кои се случуваат кога се гледате со некој што не е ваш тип

„Секој има свои преференции. Со текот на времето тие стануваат поригидни и се претвораат во ‘тип’, кој потоа влијае на изборот на партнер“ – вели Џонатан Бенет, експерт за љубовни врски.

Сосема нормално е да имате тип кој го претпочитате, но давањето шанса на личност која не влегува во таа категорија може да ви ги отвори очите. Еве неколку интересни работи кои може да се случат доколку почнете да се состанувате со некој што не е ваш тип.

1. Можеби ќе откриете нови таленти

Доколку сте навикнати да поминувате време со луѓе со кои ги имате истите хобија, можеби ќе ви биде забавно да испробате нешто ново. На овој начин би можеле да откриете и некој свој скриен талент.

„Ако имате партнер кој не е ваш вообичаен тип, вие можете да доживеете нови искуства и да испробате нови хобија. На пример, доколку сте љубител на спортот, можеби ќе откриете некој свој талент за уметност“ – вели Бенет.

2. Можеби ќе пронајдете нов тип на човек кој ви се допаѓа

Кога се состанувате со некој кој не е ваш тип, можеби ќе сфатите дека некој сосема нов тип на човек повеќе ви одговара.

„Луѓето имаат некоја идеја во главата за тоа со кого треба да бидат, но кога ќе излезат од комфорната зона, сфаќаат дека можат да се случат прекрасни работи. Можеби ова е причината зошто ниедна врска претходно не ви успеала. Можеби оние кои ги сметате за совршени, не се совршени за вас“ – вели Емили Лајонс, основач на сајтот за состанување Lyons Elite.

3. Можеби никогаш не сте ни имале тип

Со тоа што ќе одите на нови места и ќе запознавате нови луѓе, можеби ќе сфатите и дека немате конкретен тип којшто ви се допаѓа.

„Многу луѓе мислат дека имаат тип, но штом ќе почнат да се гледаат со некој кој е малку поразличен, сфаќаат дека никогаш не ни имале тип или дека дотогаш ги ‘дисквалификувале’ оние кои можеле да им бидат потенцијални партнери“ – вели Саманта Дениелс, експерт за состанување.

4. Можеби почесто ќе одите на состаноци

Ако одамна не сте биле на состанок или одите на состаноци кои не се толку добри, можеби е време да се откажете од идејата за совршен партнер, и со тоа да си ги зголемите шансите.

„Многу луѓе имаат листа со карактеристики кои ги бараат кај идниот партнер. Можеби сакате тој добро да ве сослуша, да ви биде поддршка или да биде комуникативен. Но, многу е важно да не бидете премногу пребирливи, нешто со што си ги скратувате шансите да го запознаете вистинскиот партнер“ – вели Дениелс.

5. Можеби ќе развиете емпатија

Што ќе се случи ако дадете шанса? На овој начин можеби ќе развиете емпатија и почит кон оние луѓе кои обично немате шанса да ги запознаете.

„Иако е нормално да имате тип кога се состанувате со луѓе, лесно е тој да се претвори во стереотип за оние со кои обично не би се состанувале. Вие можеби, на пример, ќе мислите дека комуникативните личности не се добар избор за вас, само затоа што вие сте неверојатно интровертни. Затоа мислите дека немате ништо заедничко“ – вели Бенет.

6. Можеби ќе добиете сосема нова перспектива

Ако им дадете шанса на другите луѓе кои се заинтересирани за вас, можеби ќе сфатите дека карактеристиките кои сте ги барале кај идеалниот партнер повеќе и не се толку важни.

„Повторно, ако веќе имате слика за вашиот идеален партнер во главата, можеби по навика ќе се фокусирате на луѓето кои одговараат на тој опис. Но, со тоа што ќе се ослободите од селективноста која ве кочи, ќе откриете дека ве привлекуваат и други типови луѓе“ – вели Дениелс.

7. Можеби ќе откриете нови преференции

Можеби ќе се изненадите ако сфатите дека си одговарате со луѓе кои се целосна спротивност од оние кои вообичаено ви се допаѓаат. Со тоа што ќе им дадете шанса, можеби ќе сфатите дека токму тие вистински ве исполнуваат.

„Наместо да се ограничувате со еден тип на личност, бидете отворени за состанување со секаков тип луѓе кои ќе ви дадат шанса да научите нешто повеќе за себе и она што ви е потребно од партнерот“ – вели д-р Кетрин Џексон, психолог и невротерапевт.

8. Можеби ќе бидете побалансирани

Секоја промена е добредојдена, а можеби токму партнерот ќе ви донесе баланс во вашето секојдневие.

„Многу често се гледаме со луѓе кои се слични на нас. Но, доколку се состанувате со некој за кого обично не би биле заинтересирани, можеби ќе се изненадите од тоа колку вашиот живот ќе стане балансиран. Ако постојано сте ‘на нога’ и во движење, можеби вашиот интровертен партнер ќе ве натера да останувате почесто дома и да се релаксирате“ – вели Мишел Тери, психотерапевт.

9. Можеби ќе ги прекинете старите шаблони

Доколку постојано завршувате со луѓе кои имаат токсични карактеристики, можеби е време да прекинете некои стари шаблони за избор на партнер.

„За жал, можеби ве привлекуваат токсични луѓе бидејќи сте пораснале во токсично семејство. Можеби токму затоа некои работи ви изгледаат нормални, иако се деструктивни. Состанувањето надвор од комфорната зона може да ви помогне да пораснете како индивидуа“ – вели Тери.

Сепак, мора да знаете дека доколку сакате совршена врска, мора да ги прифатите неговите недостатоци.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Книжевничка која би живеела во приказна на Харуки Мураками, во режија на Вес Андерсон, со саундтрак на The Smiths.

Поврзани содржини

Остави коментар