Интересни и необични љубовни состаноци за продолжениот празничен викенд

Интересни и необични љубовни состаноци за продолжениот празничен викенд

Не постои ништо лошо во останувањето дома за празниците, во прегратките на вашите сакани покрај омилените ТВ серии и филмови. Но, зошто да не направите мала промена овој викенд и да ги искористите слободните денови така што ќе организирате интересна авантура која ќе ја помните до крајот на вашиот живот?

Садење семиња – Искористете ги пролетните денови за да започнете ваша сопствена мини градина. Којзнае, можеби и ќе ги разбудите вашите родителски инстинкти.

(1) Интересни и необични љубовни состаноци за продолжениот празничен викенд

Искачување карпи – Можеби оваа идеја не ви звучи многу секси, но станува збор за интерактивен предизвик кој ќе ве исполни со адреналин и ќе ја подигне вашата љубов кон нови височини.

(2) Интересни и необични љубовни состаноци за продолжениот празничен викенд

Пикник, но со велосипеди – Вратете се во старото добро минато и бидете романтични како порано, па наместо со автомобил, тргнете со велосипеди на вашето омилено место за пикник.

(3) Интересни и необични љубовни состаноци за продолжениот празничен викенд

Возење ролери – Доживејте ја одново младоста така што ќе се упатите кон најблискиот парк крај вашиот партнер, дозволувајќи му на ветрот да ја разбушави вашата коса.

(4) Интересни и необични љубовни состаноци за продолжениот празничен викенд

Час по стрелање – Зарем има подобар начин да го исфрлите сиот бес од себеси од пукањето или стрелањето во хартиен човек кој може да ги претставува сите ваши проблеми на едно место?

(5) Интересни и необични љубовни состаноци за продолжениот празничен викенд

Правење пиво – Да, вие во секое време можете да „скокнете“ до продавница и да купите готово пиво, но зарем не би било поинтересно доколку самите се обидете да го направите?

(6) Интересни и необични љубовни состаноци за продолжениот празничен викенд

Набљудување случајни минувачи – Разгорете ја вашата имагинација така што ќе создавате приказни за секој од нив.

(7) Интересни и необични љубовни состаноци за продолжениот празничен викенд

Караоке – Постојат толку многу љубовни песни кои едноставно чекаат да бидат уништени од страна на вашиот нетрениран глас.

(8) Интересни и необични љубовни состаноци за продолжениот празничен викенд

Дегустација на вино – Создадете домашна дегустација на вино така што самите ќе купите неколку различни видови и ќе се обидете да откриете од што се тие составени (со помош на Гугл, секако).

(9) Интересни и необични љубовни состаноци за продолжениот празничен викенд

Локални истражувачи – Одберете некој дел од градот кој не го познавате добро и истражете го секој агол од него.

(10) Интересни и необични љубовни состаноци за продолжениот празничен викенд

Прошетка во паркот за кучиња – Дури и да немате домашно милениче, едноставно посетете го паркот и обидете се да погалите и погушкате што е можно повеќе крзнени пријатели.

(11) Интересни и необични љубовни состаноци за продолжениот празничен викенд

Тестирање луксузни автомобили – Облечете се во својата најдобра модна комбинација и тргнете во „шопинг“ за автомобилот кој толку очајно ви е потребен…

(12) Интересни и необични љубовни состаноци за продолжениот празничен викенд


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар