Инспирирано од морските бранови: Во што се крие тајната на сината храна?
Супермаркетите и пекарите во Австралија, баровите за детоксикација во Њујорк и Инстаграм профилите на калифорниските блогери се полни со фасцинантна храна и пијалаци во морско сина боја.
Ако таквата храна ви изгледа неприродно, а бојата ве застрашува и ви делува вештачко, едноставно не сте запознаени со главната состојка, позната како „Blue Majik“.
Овој прашок е екстракт од спирулина, односно од сино-зелените алги од кои таа се добива. Верувале или не, станува збор за еден од најважните хранливи додатоци во светот, бидејќи полн е со витамини Б, протеини, ензими, минерали и аминокиселини со противоспалителни својства. Може да ги спречи мозочните болести и да го регулира варењето, бидејќи всушност станува збор за цијанобактерии.
Силната сина боја не настанува поради вештачки додатоци, туку настанува од природниот пигмент на хлорофилот, фикосинин. Па, следниот пат кога ќе забележите нешто сино, немојте да се уплашите, туку пробајте го овој антиоксиданс кој е за 22 пати помоќен од спанаќот и дури 6 пати помоќен од боровинките.
Кога станува збор за вкусот, мораме да признаеме дека сам по себе, има вкус на риба. Меѓутоа, тој вкус исчезнува со мешањето во друга храна. Овој прашок е идеална основа за коктели, смудиња, овесни каши, мафини, колачи, ладно цедени сокови, па дури и за вашето кафе.