Инспиративни и мотивирачки пораки

Инспиративни и мотивирачки пораки

Инспиративните и мотивирачки пораки можат да ги сменат нашите размислувања и гледишта на одредена тема. Познато е дека позитивните мисли мотивираат и поттикнуваат позитивни дејства, па затоа инспиративните пораки денес сè почесто се користат. Споделете ги следниве инспиративни пораки и поттикнете ги креативноста и успехот.

Инспиративни и мотивирачки пораки

1. Нека твојата верба биде поголема од твојот страв!

2. Не задоволувај се со тоа што си, стреми се кон тоа што можеш да бидеш!

3. Не плаши се да бидеш поинаков!

4. Престани да ја бараш магијата. Таа е во тебе!

5. Вљуби се кога ќе бидеш подготвен/a за тоа, а не кога си осамен/a!

6. Кога треба да донесеш тешка одлука – фрли паричка. Уште пред да падне паричката, ќе знаеш на што се надеваш.

7. Започни го и заврши го денот со насмевка!

8. Посвети се на некоја твоја идеја. Надмини го стравот, насмевни се и бори се за да ја реализираш затоа што тоа е твојот сон.

9. Најромантичната приказна не е за Ромео и Јулија кои умреа заедно, туку за бабата и дедото кои остареле заедно.

10. Единствено ти можеш да ги користиш твоите способности!

11. Не срами се од сопствениот неуспех. Тие што доживеале неуспех, ќе те разберат, а тие што не доживеале, немаат право да те критикуваат.

12. Кога животот е добар – прославуваш, а кога е лош – созреваш.

13. Не тагувај за она што си го изгубил, затоа што кога дрвото ќе изгуби еден лист, на негово место расте нов.

14. Минатото не може да биде сменето, заборавено, додадено или избришано. Минатото може да биде само прифатено.

15. Понекогаш е многу подобро да не го добиеш тоа што го посакуваш.

16. Не откажувај се од работите што сакаш да ги постигнеш!

17. Вистинскиот начин да запознаеш некого е да се скараш со него. Тогаш тој ќе го покаже својот карактер.

18. Вистинската љубов започнува кога не очекуваш ништо за возврат.

19. Тешко е да веруваш некому, кога тој веќе еднаш ти дал причина да не му веруваш.

20. Смеењето е универзален јазик.

21. Секој ден кажувај нешто убаво!

22. За да имаш повеќе контрола над својот живот, престани да ги контролираш другите!

23. Биди позитивен/а!

24. Ако некој те омаловажува, тогаш тој самиот е малку важен.

25. Најубаво е да живееш на пола пат помеѓу здравиот разум и лудилото.

26. Многу малку е потребно за да бидеш среќен.

27. Кога некој ќе ти каже дека не можеш да успееш, заврти се и кажи му да те гледа како успеваш.

28. Ако знаеш која е твојата крајна дестинација, тогаш веќе си поминал половина од патот.

29. Да беше животот лесен, авантурите немаше да постојат.

30. Вистинско знаење е да знаеш дека ништо не знаеш.

31. Твојот живот е креација на твоите мисли.

32. Патот до успехот е секогаш во изградба.

33. Животот е одраз само на тоа што ти си дозволуваш да го видиш.

34. Направи добро дело и осветли нечиј темен живот!

35. Ако песимистот ја гледа тешкотијата во секоја шанса, биди оптимист и види ја можноста во секоја тешкотија!

36. Не поигрувај си со туѓите чувства, ако ни самиот не си сигурен во сопствените емоции.

37. Не чекај твојот брод да доплови до тебе, туку ти пливај до него!

38. Радоста е таков вид среќа која не зависи од случувањата.

39. Ако твоите соништа не те плашат, можеби не се доволно големи.

40. Секој родител треба да знае дека детето еден ден ќе го следи неговиот пример, а не неговиот совет.

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар