Инспирација за утрешниот ден: Будистички учител ги споделува тајните за исполнет живот
„Можете да освоите илјадници луѓе во илјадници битки, но најголемата победа е кога ќе се победите самите себеси.“ – Буда
Можеме да научиме многу од мудростите на будистичките учители, а овој пат станува збор за учењето на Атис Дипанкар Шријнан, кој ја споделува со нас најголемата врлина на човекот. Прочитајте ги неговите зборови и дозволете си малку време за да разберете што тој сака да ни каже. Откако ќе сфатите, ќе ја дознаете и тајната за исполнет живот.
Најголемиот успех е несебичноста.
Најголемата вредност е самоконтролата.
Најголемиот квалитет е да знаете како да им служите на другите.
Најздравото нешто е да знаете како да не дозволите светот да управува со вашето битие.
Највеликодушната постапка е да не се врзувате.
Најголемото добро е да имате мирен ум.
Најголемото трпение е скромноста.
Најисплатливиот напор е да не се фокусирате на резултатите.
Најголемата мудрост е да видите подалеку од тоа што го гледаат очите.