Инјектирајте весели бои во плакарот за повесела зима

Инјектирајте весели бои во плакарот за повесела зима

Ладните месеци ја црпат целата енергија од нас, а и инспирацијата за носење весели бои. Така, започнуваме да носиме црно од глава до петици, темно сина, кафеава и други темни бои чиј единствен опис е „неутрално“. Ако се пронајдовте во овие зборови, тогаш погледнете како да ги инкорпорирате веселите бои во плакарот, а со тоа да го подобрите и вашето расположение.

1. Носете палто во весела боја

Ако постои само едно нешто што треба да го додадете во вашиот плакар тогаш тоа е палто во јака боја. Одберете палто во вашата омилена нијанса кое секогаш можете да го носите врз кое било друго парче.

1-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mk

2. Искористете го „колор блокинг“ трендот

Ако преферирате повеќе бои, тогаш инвестирајте во јакна (или кое било друго парче облека) кое има колор блокинг. Розовата капа одлично ја надополнува розовата линија на нејзиниот капут.

2-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mk

3. Ризикувајте со смели обувки

Обувките во силна боја дефинитивно ќе ја истакнат вашата комбинација и ќе направат да се издвоите од масата.

3-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mk

4. Комбинаторика од темни парчиња со чанта во пастелни тонови

Ако претходниот совет не ви се допаѓа, тогаш обувките заменете ги со чанта. Ова е фантастична опција за оние кои сакаат да се држат до темните бои во текот на целата зима. Чантите во пастелна боја додаваат доволно боја за комбинацијата да не биде монотона, а не е премногу за да се чувствувате како целофан од бонбонче.

4-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mk

5. Употребете ги основните бои

Додека пастелните и флуоресцентните тонови треба да се поседуваат, примарните бои се основна инспирација во зимскиот период. Изгледаат одлично покрај неутралните бои и се надополнуваат меѓу себе. Црвена и сина, жолта и зелена, портокалова и виолетова. Одберете комбинација од две бои и така градете ја комбинацијата.

5-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mk

6. Обоено крзно

Изгледа исто како да носите јакна во силна боја, но освен што ќе направи да блеснете, крзното и ќе ве стопли. Плус, можете да го носите со темни нијанси без да изгледате здодевно.
6-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mk

7. Пантолони за силен впечаток

Ако крзното и обувките ви се премногу ризични, тогаш одберете пантолони. Со нив ќе оставите силен впечаток. Интересен микс е фушиа со црно или бело и спојот помеѓу кобалт сината и ловечко зелената.

7-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mk

8. Клучот е во ракавиците

Ако навистина сакате да покажете дека владеете со контрастните бои, тогаш носете црно-бела комбинација и додадете ракавици во храбра боја. Таа може да биде црвена, виолетова, жолта или која било богата нијанса. Вака, вашите раце ќе зборуваат сами за себе.

8-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mk

9. Од глава до пети во силни бои

Ако не можете да се справите со комбинацијата од две силни бои тогаш креирајте изглед кој ќе биде целиот во силни бои. Експериментирајте. Зимската облека има тенденција да биде неверојатно здодевна и понекогаш ви е потребна промена. Мешајте материјали и бои и дознајте што вам ви одговара.

9-injektirajte-veseli-boi-vo-plakarot-za-povesela-zima-kafepauza.mk

 


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Живее за добра книга и дише преку пишаниот збор. Кога би можела, цел живот би патувала, би читала и би гледала филмови. Вљубеник во фотографијата и класиката. Оптимист и поборник за љубов. Модата е нејзиниот начин да го изрази своето мислење и став. Животот за неа е уметност, филозофија и добра храна.

Поврзани содржини

Остави коментар