Индиски учител открива како секогаш да бидеме среќни

Индиски учител открива како секогаш да бидеме среќни

Советите за среќа од индискиот учител Пaрамаханса Јогананда го одразуваат стремежот да се спојат истокот и западот – истовремено се раскошни и прецизни, но и поетични и практични. Пaрамаханса е еден од најголемите учители на 20-от век кој, во текот на неговото 30-годишно престојување на Западот, држел говори и предавања од кои настанала збирката „Како секогаш да се биде среќен.“

Индиски учител открива како секогаш да бидеме среќни

Целта на неговите предавања било да ги потсети луѓето на вистинската животна среќа која западниот човек, во својата трка за материјален успех и богатство, почнал да ја заборава. Во продолжение, 9-те совети за среќа на Пaрамаханса Јогананда.

1. Барање среќа. Среќата не е работа, објект. Таа е состојба на умот. Таа е нешто што мора да се живее. Вистинската среќа никогаш не може да се најде надвор од себството. Да ја барате таму е исто како да ја бркате сенката.

2. Среќата е избор. Доколку сакате да бидете тажни, тогаш никој на овој свет нема да може да ве усреќи. Но, доколку во својот ум вие самите одлучите да бидете среќни, тогаш ништо на овој свет нема да може да ве растажи и да ви ја одземе таа среќа.

3. Не губете надеж. Ако сте ја изгубиле надежта дека некогаш ќе бидете среќни, расположете се. Доколку ги држите очите на концентрацијата затворени, нема да можете да го видите сонцето кое гори во вашите гради. Отворете ги вратите на смиреноста и ќе го откриете во себе сонцето на радоста.

4. Бидете среќни сега. Кога еднаш ќе ја остварите среќата на својата душа, никој нема да може да ви ја земе, независно колку долго патувате кон безвременоста и вечноста.

5. Не бидете роб на своите сетила. Ако владеете со своите желби, можете да бидете вистински среќна личност. Не можете да бидете среќни ако се предавате без своја волја, ако сакате нешто спротивно на својата совест или ако сетилата ве натераат да грешите. Решението е својата сила да ја тргнете од канџите на сетилата.

6. Клучот е во едноставноста. Тоа не е тешката сиромаштија, ниту е спротивност на богатството. Да се живее едноставно значи да се чекори по тивкиот пат на умереноста. Внатрешната среќа лежи во балансираниот живот помеѓу крајностите. Оние кои навистина сакаат, помирени се со себе и светот, и сѐ што ќе ги снајде го прифаќаат онакво какво што е.

7. Ширете радост. Вежбајте метите со тажни срца да ги погодувате со незаборавни насмевки. Не навикнувајте се на тагата, туку на смеењето. Нема посилен лек за неуспехот и сите емоционални тегоби од насмевката.

8. Најдете внатрешна сила. Животот е промена. Секогаш бидете смирени и постојани. Кога работите, бидете смирено активни. Еден ден ќе сфатите дека вас не ве понесува матицата на судбината. Вашата сила доаѓа однатре, а вашата мотивација нема да зависи од надворешните влијанија.

9. Пуштете и дозволете. Добро е во животот да се раководите по правилото: „Нека дојде што дојде само од себе.“ Животот ќе ви донесе и многу успеси, но и падови. Ако дозволите чувства да се креваат и спуштаат заедно со брановите на околностите, никогаш нема да постигнете внатрешна смиреност.

Воздигнете се над она што ви се допаѓа или не. Не дозволувајте тоа што го поседувате да ве поседува вас, ниту безначајните ситници и грижи да ви ја нарушат смиреноста. И, не заборавајте – не постојат пречки, постојат само шанси.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Новинар. Самопрогласен актер. Џедај. Животна форма еволуирана да живее од филмови, видеоигри, музика, хумор и технологија. Хоби и рекреација: Појадок, ручек, вечера.

Поврзани содржини

Остави коментар