Индиски пудинг со афион

Индиски пудинг со афион

Почувствувајте го вкусот на Индија преку пудинг од ориз со индиски ореви и зрнца афион…Индиски пудинг со афионПотребно е:

  • 50 г басмати ориз
  • 30 г индиски ореви
  • 60 г афион
  • 180 шеќер
  • 340 мл млеко
  • 200 мл вода
  • 4 зрна кардамом зачин

Подготовка: На тефлонско тавче ставете го оризот да се тостира малку. Кога ќе добие убава медова боја, тргнете го од оган. На истото тавче тостирајте ги индиските ореви, па кога ќе бидат тостирани, истото направете го и со афионот. Во тенџере ставете ги водата, шеќерот и млекото и ставете го оризот да се свари. Во меѓувреме, истолчете ги оревите, зрната кардамом и афионот. Ставете малку од течноста во која се вари оризот во смесата од ореви, кардамом и афион за да се добие нешто како паста. Кога оризот ќе биде сварен, извадете малку од течноста (за да не биде многу течно) и ставете ја претходно подготвената паста. Сето измешајте го и сервирајте го во длабоки чаши.Индиски пудинг со афион

———————————————————————————————————————————————————————

Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот

Поврзани содржини

Остави коментар